Филипче за „Независен“: Ни недостигаат 600 лекари


Министерството за здравство работи на измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита и на измени на Законот за прекин на бременоста, кој во оваа форма го ограничува правото на избор на жените. Во земјава недостигаат дури 600 доктори во здравствените установи, а најмногу педијатри и анестезиолози. Има институции со кои, ако во следниот период […]

The SEC: 11.907 domestic and 493 foreign observers monitor the referendum


The official State Election Commission (SEC) data shows that 11.907 domestic and 493 foreign observers have been accredited to monitor the September 30 referendum. Additionally, 194 translators have been accredited to the SEC. Besides domestic, the referendum will be covered by foreign journalists. The SEC has also accredited 83 journalists from 32 media outlets, with […]

ДИК: До 9 часот излезноста 2,45% проценти


Според податоците на Државната изборна комисија, до 9 часот своето гласачко право на референдумот го искористиле 2,45% од гласачите. Податокот е добиен по обработка на 71% на добиени податоци. ДИК објави дека до нив досега пристигнале три преговори за повреда на избирачко право, но сите биле одбиени. Следната прес-конференција на ДИК е закажана за 11.30 часот.

Во Крива Паланка гласале четворица затвореници и 85 изнемоштени и болни


Во Крива Паланка своето избирачко право за референдумот го оставриле вкупно 85 изнемоштени и болни лица од општината, како и четворица затворенци. „Од вкупно пријавените 98 болни и изнемоштени лица од општината денеска гласаа 85 лица, а пак од петмината кои издржуваат казна затвор во Казнено-поправниот дом во Крива Паланка, на избирачкото место 0942 во […]

ДИК: До 17 часот излезноста на иселениците 36,56 отсто, а во КПУ 64,69 проценти


Вкупно 985 македонски иселеници или 36,56 отсто до 17 часот излегле да гласаат за референдумското прашање, но во нив не се влезени оние од САД, од Канада и од Лондон (вкупно пет гласачки места), каде гласањето трае до 19 часот по локално време, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК). Гласачките места, пак, во казнено-поправните установи (КПУ) […]

Судиите му се криви на Мурињо за поразот на Манчестер Ј. од Вест Хем


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не беше задоволен од својот тим по поразот со 1:3 од Вест Хем во натпревар од Премиерлигата. Тој, сепак, имаше забелешки и кон судиите на натпреварот. „Мислам дека тоа не е најдобар начин да се започне натпреварот, откако во петата минута екипата прими гол. Имаше офсајд, можеби судијата на […]

Во Ранковце гласале 31 болно и изнемоштено лице од пријавените 34


Во општина Ранковце заврши гласањето на болни и изнемоштени лица, а од вкупно пријавените 34, гласале 31 лице. Како што информира претседателот на Општинската изборна комисија, Даниел Крстевски, материјалите се доставени до ОИК. „Изборниот материјал во Општината е примен навреме, избирачките материјали и кутии се доставени до избирачките одбори на сите 13 избирачки места и […]

Вардар со трета победа во ракометната Лига на шампиони


Ракометарите на Вардар остварија победа со 27:25 (13:11) на гостувањето против унгарски Веспрем во третото коло од Лигата на шампионите. Вардар одигра добро прво полувреме, имаше и предност од пет гола, а на полувреме замина со два гола разлика, откако доживеа мал пад во играта. Во второто полувреме домаќините заиграа подобро и го презедоа водството […]

Рама најави трансформација на Пустец и областа Преспа


Селото Пустец во областа Мала Преспа, лоцирано покрај брегот на Преспанско Езеро, ќе биде опфатено со проектот на албанската влада „100 села“, соопшти премиерот Еди Рама на средбата со жителите на плоштадот „Гоце Делчев“. Рама рече дека со проектот Пустец ќе доживее многу значајна трансформација која ќе привлече повеќе туристи и апелира жителите да станат дел […]

Во општина Дебар гласаа 22 болни и изнемоштени лица


Во општина Дебар денеска своето право на глас го остварија 22 болни и изнемоштени лица. Според Елмира Бакалим, претседателка на општинската изборна комизија, за гласање се пријавија 27 лица, одобрено е гласање на 23, а гласале 22 болни изнемоштени лица. „Избирачкиот материјал го распределивме и се е подготвено утре во 7 часот да бидат отворени […]

Десетина повредени и петмина уапсени во судири меѓу каталонски сепаратисти и полицијата во Барселона


Најмалку 14 лица се повредени и петмина се уапсени откако каталонски сепаратисти денеска се судрија со полицијата во центарот на Барселона. Три лица се хоспитализирани, а на останатите 11 повредени  им била укажана помош на лице место. Каталонските сепаратисти денеска неколку пати се судрија со полицијата, откако прво фрлија боја во прав врз полициските кордони, […]

Заврши гласањето во македонската амбасада во Атина


Мирно и без проблеми заврши гласањето во Атина, а гласачкото место број 5014 во Канцеларијата за врски на Република Македонија беше затворено во 19 часот по локално време. Како што јави дописничката на МИА од Атина, правото на глас го остварија 13 од 15 македонски државјани пријавени за гласање во грчката престолнина. Веднаш по затворањето […]

Од Шведска за Македонија со срце: Донација вредна 300.000 евра за делчевската болница


На граничниот премин „Делчево“ денеска пристигна донација од Шведска вредна 300.000 евра што е наменета за здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Делчево. Активноста е иницијатива на хуманитарната организација „Хенд тил хенд“ од Стокхолм. „Со оваа донација техничкиот капацитет на Здравствениот дом во Делчево во голема мера ќе се зголеми. Од друга страна сите инструменти кои […]

ЦИВИЛ: Физички нападнат екс амбасадорот Игор Есмеров


Игор Есмеров, до неодамна амбасадор на Македонија во Будимпешта, инаку близок до ВМРО-ДПМНЕ, физички бил нападнат синоќа во еден од угостителските објекти во центарот на Скопје. Нападот го извршило едно лице што прво го нападналo екс-амбасадорот вербално, со зборовите „предавник“, „го продадовте името“ и слично, го пцуел и навредувал, за потоа да му зададе и […]

Ердоган на отворање на нова Централна џамија во Келн


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган попладнево допатува во Германија каде присуствува на свечена церемонија по повод отворање на нова Централна џамија во Келн. Со Централната џамија, чија изградба ја следеа финансиски и градежни скандали, управува турско-германско исламско здружение „Дитип“ што застапува околу 900 турски исламски групи во Германија. „Дитиб“ е ангажиран за комунални работи, нуди […]

ПМФЛ: Вардар ја продолжи победничката серија


Екипата на Вардар продолжува со својата победничка серија, откако попладнево во Штип ја совлада прилепска Победа со 0:1 (0:0) и нема пораз веќе во пет натпревари по ред. Голот вреден три бода го постигна Бразилецот Лира во 56-тата минута. На тој начин Вардар останува на чело на табелата со 17 бода, два повеќе од Академија […]

Изгаснат пожарот во Националниот парк „Галичица“, гори викендичка во Љубаништа


Помал шумски пожар денеска избувна во Националниот парк „Галичица“ во непосредна близина на Охрид на потегот меѓу селата Рамне и Велестово. Според информациите од Територијалната противпожарна единица од Охрид, пламенот зафатил нискостеблести растенија, а поради ветерот постоеле услови за негово ширење. Интервенирано е со три противпожарни возила, а на помош биле ангажирани и вработени во […]

Расте бројот на жртви во земјотресот во Индонезија, Владата соопшти за 405 загинати


Бројот на жртвите во двата земјотреси и цунамито кое го предизвика вториот посилен потрес во Индонезија надмина 400 лица, соопштија локалните власти. Владата соопшти дека загинале најмалку 405 лица, а стотици се повредени. Спасувачките екипи се уште не можат да стигнат до градот Донгала, кој беше поблиску до епицентарот на потресот. Постои опасност бројот на […]

ЦИВИЛ: Атакот врз гласачите во Мелбурн грубо кршење на изборниот молк


Атакот врз гласачите во Мелбурн, постиран и споделуван на социјалните мрежи претставува шокантно, претставува грдо и грубо кршење на изборниот молк и притисок врз гласачите, оценува ЦИВИЛ. За време на изборниот молк, како што соопшти, овој антидемократски акт се злоупотребува на социјалните мрежи и во Македонија. „Најостро го осудуваме кршењето на изборниот молк и бараме […]

Во Гостивар обезбедени услови за референдумско изјаснување, денеска гласаа 13 лица


Во поширокиот гостиварски регион започна референдумското изјаснување со гласањето на 13 болни и изнемоштени лица кои претходно беа пријавени во ОИК Гостивар. Во општините Врапчиште и Маврово-Ростуше немаше пријавни за денешното гласање. На подрачјето на општина Гостивар, на утрешниот Референдум ќе се гласа на 121 избирачко место, а право на глас имаат вкупно 79.160 граѓани, […]