Врнежливо со грмежи и ветер


Во Македонија денеска ќе има позначителна промена на времето, кога во поголем дел од земјата ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд, над 20 литри на метар квадратен. Утринската температура ќе се движи од […]

(ВИДЕО) САД: Убиен НБА-кошаркар во престрелка со полицијата


Полицијата во Лос Анџелес објави видео од инцидентот во кој беше убиен поранешниот кошаркар на Химки – Тајлер Ханикат. На почетокот на јули, Ханикат беше убиен во размена на оган со полицијата, а во деновите по настанот деталите останаа нејасни. Мајката на кошаркарот повикала полиција со намера да му помогне на нејзиниот син, кој се […]

Загајевски го прими „Златниот венец“ на СВП


Полскиот поет Адам Загајевски вечерва го прими најпрестижното признание на Струшките вечери на поезијата „Златен венец“ на меѓународниот поетски митинг „Мостови“. На Мостот на поезијата беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ со што заврши официјалниот дел од 57. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Загајевски е 53-ти добитник на највисокото […]

Атанасов: Уште две малверзации со меленото месо, нови случаи на ГМО нема


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утре на е-влада ќе прикачи предлог-правилник за контрола на спроведувањето на забраната за производство, увоз и ставање во промет на генетски модифицирана храна и прехранбени производи кои содржат ГМО. Како што соопшти вечерва директорот на АХВ Зоран Атанасов во интервју за Телевизија 24, утврдени се два нови случаја на […]

(ФОТО) Димитров и неколку амбасадори се возеа во славното „рено 4“ од Стојаково


Жителите на селото Стојаково, министерот за надворешни работи Никола Димитров и неколку амбасадори денеска ги пречекаа Ѓоко и Ѓорѓи, кои со своето „рено 4“ возеа од Стојаково до Ница. Министерот Димитров на својот фејсбук-профил напиша дека му претставувало често да присуствува на пречекот и дека запознал насмеани и вредни луѓе во Стојаково. „Ѓоко и Ѓорѓи, […]

Ердоган: Ќе донесеме мир и стабилност во Сирија и Ирак


Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска вети дека земјата која ја води ќе донесе мир и безбедност во Ирак и во делови од Сирија, кои Турција не ги контролира, истакнувајќи дека терористичките организации ќе бидат отстранети од тие области. Турција, која поддржува некои бунтовнички групи во Сирија, соработува со Русија, која го поддржува […]

(ВИДЕО) Невреме на Јадранот: Дубровник под вода, кај Истра турист погоден од гром


Во Хрватска имаше голема промена во времето. Во поголемиот дел од земјата паѓа пороен дожд, а температурите паднаа за повеќе од 10 Целзиусови степени. Делови од земјата во текот на ноќта беа погодени до силна бура, а најлошо беше во Истра, каде што хрватските медиуми јавуваат дека странски турист бил погоден од гром. Во Истра […]

До крајов на денов нестабилно – од утре заладување


Времето до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе се интензивираат, особено во северните делови. Ветерот во ноќните часови ќе го промени правецот во северозападен и ќе се засилува, особено во горниот дел на Повардарието. Како што соопшти УХМР, времето утре ќе […]

Опозициска пратеничката на Самоопределување бара на Тачи да му се забрани да се врати во Косово


Пратеничката на опозициското движење Самоопределување (ВВ) Фиторе Пацоли бара на косовскиот претседател Хашим Тачи да му се забрани да се врати во Косово, поради неговото залагање за поделба на земјата и размена на територии со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Тачи, според пратеничката од редовите на партијата на Албин Курти, не ги претставува […]

Грчката полиција заплени 211 килограми марихуана


Во две одделени акции грчката полиција заплени над 211 килограми марихуана прошверцувана од Албанија. Во првата акција,запленети се 125 килограми во селото Лептокарија, кај Игуменица, при што уапсен е албански државјанин, а по проверката било утврдено дека било лице по кое трага полицијата. Станува збор за Блендар Зотај, кој според грчката полиција пред пет години […]

Бившиот сопруг на Моника Белучи се ожени со 30 години помлада манекенка


Поранешниот сопруг на Моника Белучи, францускиот актер Винсент Касел, се ожени со 31 година помладата манекенка Тина Канакеј. Венчавката се одржа во Бидар, југозападна Франција, а на церемонијата присуствуваа стотина гости. – Имам 52 години и ќе се оженам за 21-годишна девојка. Многу сум заљубен и сигурен сум дека ќе имаме деца, наведе Касел во […]

Роберт Билбилов, композитор: Со ѕвезди најлесно се работи


Роберт Билбилов (35) е меѓу најбараните и најталентирани млади композитори дома и во регионот. Зад себе има вонвременски хитови испеани од Тамара, Кристина Арнаудова, Каролина, Лоба, Тијана… а негова омилена песна е онаа која најмногу му се допаднала на народот. Помалку мистериозен, среќен е што далеку од јавноста може да работи без притисок, да се […]

(ВИДЕО) Мицкоски апелира до партиите да се откажат од парите за кампања за референдумот


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска имаше средба со граѓаните во Лесновскиот манастир. На прашање од новинар да ги објасни причините за откажување од средствата што Владата ги има наменето за кампања за референдумот, тој рече дека сите политички партии треба да се откажат од средствата за кампањата за референдумот по примерот на неговата партија. […]

Малолетната штитеничка на домот „25 Мај“ не била силувана


Телевизија „Сител“ денеска објави дека лекарските прегледи покажале дека 14-годишното девојче од Домот „25 Мај“ не било силувано . Што точно се случувало во четвртокот попладне во Струга, полицијата уште истражува. Малолетничката, која заедно со други деца од Домот престојувала во летното одморалиште, во струшката полициска станица пријавила дека додека се враќала од плажа непознато […]

Дали Македонија е земја на современи робови?


Дали Македонија е држава во која живеат современи робови, луѓе кои во 21. век кога основните човекови слободи и права се загарантирани со сите меѓународни договори и националните законодавства, се врзани со прангите на современите негативни трендови. Жртви на трговија со луѓе, на принудни бракови, секс робови, економски робови се само дел од појавите кои […]

Уапсено лице под сомнеж дека е одговорно за девет пожари на грчкиот остров Евија


Од секторот за борба со криминал на подметнување пожари, утрово беше уапсен 32-годишен маж за кој постои сомнеж дека е одговорен за девет пожари на грчкиот остров Евија, соопштуваат од грчката противпожарна служба. Како што јави дописничката на МИА од Атина, уапсеното лице се товари дека ги подметнало сите пожари што од почетокот на летово […]

Вучиќ: Тешко до договор за Косово, постојат големи разлики со Тачи


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска потврди дека во петокот во Виена имал состанок со косовскиот претседател Хашим Тачи, со посредство на австрискиот канцелар Себастијан Курц и еврокомесарот Јоханес Хан. – Се надевам дека ќе бидеме во можност да продолжиме со тие разговори. Не можам да изнесам детали, бидејќи ништо не е договорено, додека се не […]

Белен: Билатералните прашања не треба да се внесуваат во ЕУ


Австрискиот претседател Александар ван дер Белен денеска изјави дека европската перспектива на Западен Балкан е важен приоритет на надворешната политика на неговата земја, особено за време на актуелното претседавање со ЕУ, и дека не очекува дека би можело да дојде до проблеми кога во австрискиот парламент ќе се гласа за приемот на Србија во Унијата. […]

Партијата на Села ќе го поддржи референдумот


Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по двочасовниот разговори на централното собрание на партијата, рече дека донеле одлука да го поддржат референдумот, закажан за 30 септември. „Доколку им одговара оваа наша агенда да говориме за досегашното сработено на Владата и албанските партнери, тогаш можеме да седнеме на заедничка маса за спроведување на кампањата. […]

Петар Атанасов ќе биде предложен за заменик министер


Пратеникот Петар Атанасов од СДСМ на 23 овој месец поднел оставка на функцијата, која треба да биде констатирана на седницата закажана за 29 август. На истата седница, како што информираат од Собранието, се очекува Атанасов да биде избран за заменик-министер за образование и наука. На местото на Атанасов, како што јавува МИА, во собраниските клупи […]