(ВИДЕО) Невреме на Јадранот: Дубровник под вода, кај Истра турист погоден од гром


Во Хрватска имаше голема промена во времето. Во поголемиот дел од земјата паѓа пороен дожд, а температурите паднаа за повеќе од 10 Целзиусови степени.

Делови од земјата во текот на ноќта беа погодени до силна бура, а најлошо беше во Истра, каде што хрватските медиуми јавуваат дека странски турист бил погоден од гром. Во Истра се евидентирани 24 несреќи предизвикани од обилните врнежи, силните ветрови и големиот број грмежи.

Летови од Дубровник биле пренасочувани кон други аеродроми. Во областа на Дубровник за помалку од два часа паднаа повеќе од 40 литри дожд на квадратен метар, што доведе до поплави во градот.

Во моментов на на Јадранското Море беснее силна бура.