Милион евра ќе добие БиХ за сместување мигранти


Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) обезбеди милион евра бесповратна помош за Босна и Херцеговина во обид да го реши проблемот со сместувањето на илегалните мигранти кои и натаму пристигнуваат во земјата. Договорот за донација денеска во Сараево го потпишаа заменичката-гувернер на ЦЕБ Марија Санчез-Јебра Алонсо и водителот на мисијата на Меѓународната организација […]

Се деблокира изборот на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ ги достави своите предлози


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги доставила претпладнево до претседателот на Собранието Талат Џафери предлозите за претседател и еден член на ДИК, што одби да го направи во понеделникот вечерта кога се очекуваше парламентот да го реализира првиот дел од договорот од последната лидерска средба. Со ова се очекува да се одблокира процесот за избор на […]

Детето на КАРИЛ се разбуди од кома, заменик министерот ги обвини родителите


Се подобрува состојбата на 14-годишното девојче од Охрид кое беше во кома на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Тоа е едно од трите деца за кои од Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“ побараа да се испита како биле лекувани, бидејќи компликациите настанале од дијабетес тип 1 кој не бил откриен навреме. […]

Најмалку 80 загинати во пожарите во областа Атика


Бројот на загинатите во пожарите во регионот Атика се искачи на 80, откако еден 84-годишен маж им подлегна на повредите во атинската болница, каде што беше пренесен со сериозни изгореници. Како што претходно јави дописничката на МИА од Атина, според официјалните податоци од грчката противпожарна служба, објавени пред да биде соопштено дека повредениот им подлегна […]

Pendarovski: Macedonia launches NATO pre-accession talks


Macedonia is launching the NATO pre-accession talks, after the country officially received the membership invitation at the Alliance Summit in Brussels on July 12. A NATO delegation led by head of the Euro-Atlantic & Global Partnership Office at NATO, James Mackey, is visiting Macedonia for discussions on political, security, defense, financial and legal issues related to […]

Формирано координативно тело за хуманитарна помош за Грција


Владата на Република Македонија формира координативно тело кое на дневно ниво ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе се договори како потреба со надлежните институции во Грција и со градот Атина, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Владата на вчерашната 81-та седница донесе одлука да испрати финансиска помош […]

Земјоделците бараат помош за опстанок


Политичарите веднаш да најдат решение за проблемот со извозот во Косово, ако сакаат да опстане и ова малку земјоделство во земјава, апелираше вчера Асоцијацијата на земјоделци. Да не се чека ниту еден ден повеќе каква одлука ќе донесе Косово, туку на производителите да им се понудат конкретни мерки и помош што да прават со производите. […]

Отворени жиро сметки и телефонски број за донации за Грција


Црвениот крст на Македонија отвори жиро сметки и телефонски број за сите кои сакаат да донираат за помош на граѓаните на Грција кои настрадаа од големите пожари. „Континуирано ја следиме состојбата и согласно добиените насоки од страна на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соодветно ќе дејствуваме“, соопштија од Црвениот крст. За донација […]

Почина академик Милан Ѓурчинов


На 90-годишна возраст вчера почина академик Милан Ѓурчинов, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Академик Милан Ѓурчинов е роден на 28 јули 1928 година во Белград. Во 1951 година дипломирал славистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, докторирал во 1960 година на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, а се усовршувал […]

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Лавот со напредок во работата, Јарецот ќе расчисти со минатото


ОВЕН Пред вас се појавува шанса кога треба да се потпрете на своите способности и знаење – имате добро чувство за својата енергија и сила и планирате како да ја искористите мудро. Здобивање на нови информации. БИК Спремни сте за работа и се посветувате сѐсрдно и целосно за да изградите нешто од трајна вред- ност. […]

Грчки митрополит: Пожарите се Божја казна поради премиерот неверник


Грчкиот митрополит Амвросие на свој блог ги обвини премиерот Алексис Ципрас и неговиот атеизам дека се виновни за катастрофалните пожари во кои загинаа најмалку 79 луѓе. – Атеистичкиот премиер Ципрас предизвика бес на Бога. Грција ја уништија пожари и поплави – напиша на својот блог митрополитот Амвросие. Ципрас не е верник, па грчкиот митрополит одлучи […]

Инспирација или почит: Колинда во Загреб како Меланија во Вашингтон


Хрватска- Случајно, инспирација или намерно. Хрватската претседателка Колинда Грабар го повтори истиот аутфит на првата дама на САД Меланија Трамп од инаугурацијата во Вашингтон на средбата со израелскиот претседател Реувен Ривлин во Загреб. Одлично скориениот костим на Ралф Лорен во бебешко сина боја, во стилот на Џеки Кенеди е најпознат изглед на Меланија во улога […]

Цветанка Ласкова: Не знаев за грантот на снаа ми


Цветанка Ласкова, посебен советник за култура на премиерот Зоран Заев, се огласи по лавината реакции во јавноста дека нејзината снаа за син е добитник на грант вреден 330.000 евра од Фондот за иновации. „Во интерес на јавноста, сакам да потенцирам дека јас како советник за култура во Канцеларијата на премиерот, немам никаков пристап во креирање […]

Србин си го запалил автомобилот зашто не поминал на технички преглед


Возач од Пожега, западна Србија, си го запалил автомобилот со бензин, револтиран зашто не го минал техничкиот преглед. Возилото, инаку марка „дачиа“, е изгасено со итна интервенција на противпожарните служби. Лутиот сопственик, кој не добил потврда за исправност на возилото, на само 500 метри од контролниот канал, го запрел автомобилот, го полеал со бензин и […]

Антологија на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес


Антологијата на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес „Ден судбоносен – 26 јули 1963“ утревечер со почеток во 19 часот ќе биде промовирана во Домот на културата „Димитар Влахов“ во скопската населба Автокоманда. Делото го приредија новинарите на Македонското радио – Радио Скопје и публицисти Свето Стаменов и Искра Чоловиќ и универзитетскиот професор, литературен теоретичар […]

VMRO-DPMNE: Zaev dhe LSDM po vjedhin pa menduar dhe pa turp


“Pas skenave të fshirjes së emrit Republika e Maqedonisë dhe heqja dorë nga traditat maqedonase, historisë dhe kulturës, Zoran Zaev dhe LSDM po kryejnë grabitjen më të madhe dhe brutale”, thonë nga OBRM-PDUKM. Sipas partisë në opozitë, po vidhet pa menduar dhe pa turp, përcjell Telegrafi Maqedoni “Nuk ka asnjë përgjegjësi. Organet e persekutimit janë […]

Бугарија ги предупреди Грција и Турција дека следуваат поплави


Бугарија ги предупреди Грција и Турција дека би можеле да се соочат со поплави, бидејќи се очекува обилните дождови да условат излевање на реката Арда и Марица на територијата на тие две држави. Предупредувањето од Бугарија стигнува во момент кога Грција се бори со најсмртоносните пожари во поновата историја. Во предупредувањето од Софија се наведува […]

Maqedoni, edhe këtë muaj nuk ka barna të mjaftueshëm me recetë


Kanë ngelur edhe shtatë ditë  deri në fund të muajit, por nëpër barnatore mungojnë barnat me recetë. Qytetarët tashmë një periudhë të gjatë duhet të kërkojnë barna nëpër barnatore të ndryshme ose t’i blejnë privat. Më vështirë e kanë pacientët të cilët vuajnë nga sëmundjet kronike dhe ato të cilët e marrin terapinë rregullisht, shkruan TV […]

На 79 се искачи бројката на загинати од пожарите во Грција


Според официјалните податоци од грчката противпожарна служба, до овој момент, 79 лица го загубија животот во пожарите во регионот Атика, а и понатаму е непознат бројот на исчезнати лица, јави дописничката на МИА од Атина. – До сега добивме десетици повици за регистрирање на исчезнати лица. Бидејќи е во тек процесот на идентификација на телата […]