Gruevski returns to the scene of the crime


Erol Rizaov Nikola Gruevski returned to crime scene in the Parliament of Macedonia. He climbs directly from the court, from the bench where he sits daily as being charged with more serious crimes. In the same assembly, the big door to lead the celebration of the anniversary of the worst day in parliamentary history, when […]

Груевски на местото на злосторството


Ерол Ризаов Никола Груевски се врати на местото на злосторството во Собранието на Македонија. Стаса директно од судот, од клупата каде што седи секојдневно како обвинет за повеќе тешки кривични дела. Влезе на истата собраниска голема врата да го предводи одбележувањето на годишнината од најцрниот датум во парламентарната историја, кога тој од Виена и претседателот […]

Кој ќе заврши прв на суд – Иванов или Џафери?


Парламентарното мнозинство и претседателот Ѓорге Иванов влегоа во нов судир, а Законот за употреба на јазиците заглави во политичко-правен лавиринт по најавата за апсолутно вето. Таков инструмент не постои во македонскиот Устав, наспроти суспензивното вето, кое е претседателско право при првично донесување на кој било закон, освен ако не е во прашање регулатива што е […]

САД ја обвинија Русија за хакирање на нивната електродистрибутивна мрежа


Aмериканската Администрација синоќа ја обвини Русија за континуирана кампања на кибер напади врз електродистрибутивна мрежа на САД. – Нападите од страна на руски хакери започнале во март 2016, а можеби и порано. Цел била американската инфраструктура – енергетски, нуклеарни и комерцијални постројки, како и објекти за водоснабдување, воздухопловство и производство, се вели во безбедносното предупредување […]

Росана Јанков и Елена Стојановска-Јанковска: Жената е дама од своето раѓање


Убави, успешни и секогаш средени. Мајки, сопруги и јавни личности. Едната русокоса, другата бринета. М-р Росана Јанков (33), портпарол на АМСМ и Елена Стојановска-Јанковска (37), водител на утринската програма на ТВ „Сител“ „Ја сакам Македонија“. И двете дел од модна колекција која ги претставува како деловни, гламурозни и дами во кујна. Патем, ги открија тајните […]

Пролет


Лејла Сабит Кафулињата полни, канцелариите празни. Чао зима. Здраво лето. Пролетта во Македонија кусо трае. Како и некои пријателства, врски, бракови, ветувања, договори и одлуки. Се затоплува времето. Се затоплуваат односите меѓу луѓето. Се буди природата. Се буди свеста кај луѓето. Воздухот мириса на зумбули. Некој протестира, а некој ужива. Некој сака да биде сам, […]

ДУИ сврте кон Мала Речица место кон Брисел


Откако Собранието во мачна и драматична атмосфера го донесе Законот за употреба на јазиците, на претседателот на ДУИ, Али Ахмети му требаа само неколку часа за да долее масло на оганот, порачувајќи дека „овој глас ви припаѓа вам и на оние што не се повеќе со нас, а се најзаслужни: мачениците на албанската нација“. Место […]

Денеска судења за уривањето на „Космос“ и за изборните нерегуларности во Чаир


Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Т.Н.Т“ и „Титаник 3“. Во случајот „Т.Н.Т“ обвинети се седум лица за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски. Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески, […]

Кои европски земји имаат повеќе службени јазици?


Доколку Законот за јазици што завчера попладне беше изгласан во Собранието стане официјален, Македонија влегува во групата на десетина земји во Европа каде што има повеќе од еден службен јазик. Листата ја предводат Швајцарија (германски, француски, италијански и романш што се зборува во одредени делови од земјата) и Холандија (холандски, фризиски, саксонски и папиаменто, плус […]

Адвокатите се закануваат со штрајк


Денешната средба на адвокатите од повеќе градови, што се одржа на Правниот факултет во Скопје, како епилог ќе има известување до Владата, од која ќе се бара активно учество во разрешување на спорот до кој дојде по предложените измени на Законот за нотаријат. Aдвокатите за нивните одлуки прво ќе ја запознаат Адвокатската комора, а таа […]

Персоналот на ОН во Женава ќе штрајкува поради малите плати


Персоналот на ОН во Женева за утре најави штрајк поради намалувањето на платите. На вработените во ОН во женева им е намалена годишната плата за 7,5 отсто, а повеже од 90 отсто од вкупно илјада вработени го поддржаа штрајкот. „Прв ден од штрајкот е утре…ве молиме останете дома“, се наведува во електронската порака упатена до […]

УЕФА ќе го казни Бешикташ поради мачка


УЕФА ќе го казни турскиот клуб Бешикташ поради лошата организација на натпреварот со Баерн Минхен од Лигата на шампионите. Првенствено казната се однесува на фрлање на предмети за време на натпреварот од страна на публиката на стадионот во Истанбул. Меѓутоа со казната ќе биде опфатено и појавувањето на терен на еден ненајавен гостин, имено станува […]

Атлетико Мадрид обезбеди четвртфинале, победата во сенка на повредениот Фелипе Луис


Атлетико Мадрид е првата екипа која обезбеди место во четвртфиналната фаза на Лига Европа. Шпанскиот клуб оствари убедлива победа од 1:5 на гостувањето во Москва против Локомотив и со вкупни 8:1 оди понатаму. Кореа во 16 минута му донесе водство на Атлетико од 0:1, а Рибус израмни само четири минути подоцна. Првото полувреме заврши 1:1, […]

Приведен Васе Доневски, ексдиректорот на СОЗР


Полицијата го привела Васе Доневски, поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Македонија. Според неофицијални информации, Доневски е приведен од финансиска полиција и е на распит поради сомневања за злоупотреба на службена положба за времето додека бил директор на СОЗР. Од МВР нема засега официјална потврда за информацијата за приведување […]

Членките на НАТО ги зголемуваат воените буџети, но се уште се под два отсто од БДП


Државите членки на НАТО веќе трета година по ред зголемуваат издвојувања за одбрана, но и понатаму, кај голем дел од нив тоа е под зацртаната цел од два отсто БДП, покажува годишната анализа објавена од Алијансата. Според извештајот, лани Велика Британија. Полска, Грција и Естонија ја исполниле или надминале целта од два отсто БДП, наменети […]

СЈО анализирало 85 проценти од прислушуваните материјали


Специјалното јавно обвинителство до денеска ја анализирало содржината на 515 572 аудио фајлови, односно во обработка се 85 отсто од вкупниот број на прислушувани разговори што беа доставени во таа институција, се наведува во шестмесечниот извештај на СЈО објавен денеска. Изминатите 6 месеци СЈО отворило седум нови истражни постапки против вкупно 17 лица. Заведени биле […]

Столтенберг: Русија се обидува да го дестабилизира Западот


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја обвини денеска Русија дека се обидува да го дестабилизира Западот. Столтенберг изјави дека ќе има состанок со британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска во Брисел за да разговара за нападот со нервен агенс врз поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Британија. – Велика Британија може да […]

Македонија падна за едно место на новата ФИФА листа


Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од едно место на најновата ранг листа на ФИФА и сега се наоѓа на 75-та позиција. Нашите репрезентативци не играа во изминатиот период, па Македонија е на приближно истите позиции. Пред нас се Сирија, Палестина, Узбекистан, Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја, Саудиска Арабија… Овој месец избраниците на Игор Ангеловски ќе […]

Тимоние: Вчерашните инциденти во Собранието не се глетка од парламент на европска држава


Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека вчерашните инциденти во македонското Собрание не се глетка од парламент на европска држава. – Вчера беше разочарувачки ден бидејќи видовме настани за кои мислевме дека веќе сме им го свртиле грбот, дека немало минимум консензус за процедура за усвојување закон и нема цивилизирана дискусија […]