Адвокатите се закануваат со штрајк


Денешната средба на адвокатите од повеќе градови, што се одржа на Правниот факултет во Скопје, како епилог ќе има известување до Владата, од која ќе се бара активно учество во разрешување на спорот до кој дојде по предложените измени на Законот за нотаријат.
Aдвокатите за нивните одлуки прво ќе ја запознаат Адвокатската комора, а таа ќе треба да ја извести Владата дека доколку нивните сугестии не бидат прифатени, тогаш тие ќе стапат во штрајк кој треба да почне на 30. овој месец.
Адвокатите се со став дека нивната Комора има мандат да ја информира Владата на Македонија дека „ако се стопира правната постапка на предлог – законот и се слушнат и уважат барањата на адвокатите, нема да биде активирана правната блокада на територијата на целата држава“.

Целиот текст на правосудство.мк