Мартовска филмска програма во Кинотека


Кинотеката на Македонија утре ја почнува мартовската програма која ќе биде отворена во 20 часот со македонскиот документарен филм „Локални херои – светски таленти“ по сценарио на Зоран Димов и режија на Ајдин Ислами. Документарецот снимен во 2017 вклучува теми и ликови Роми кои се трудат да ги елиминираат стереотипите кон оваа заедница. Во петок […]

Андреј Папаз најуспешен моден дизајнер меѓу битолчани


Модниот дизајнер и костимограф Андреј Папаз е прогласен за најуспешен дизајнер на  манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани“. Настанот се одржа во организација на традиционалниот Битолски весник, по 19 пат, во Битола на кој присуство имаше гости од целата држава. „Навистина ми е чест во мојот роден град по втор пат да ме прогласат за најуспешен моден […]

Владата во дупка од 500 милиони евра


Ерол Ризаов Најавените нови реформи на пензискиот систем за санирање на застрашувачката црна дупка во буџетот од 500 милиони евра годишно, што му доаѓа речиси една четвртина од државната каса, се поопасен терен за лизгање и паѓање на владата на Зоран Заев отколку промената на името на државата. Првите најави дека се можни такви реформи […]

The government in a € 500m hole


Erol Rizaov The announced new reforms of the pension system for removing the horrifying black hole in the budget of 500m euros annually, which comes to almost a quarter of the state treasury, are more dangerous for the falling of Zoran Zaev’s government than the change in the name of the state. The first announcements […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот со името


Зоран Заев за реномирани меѓународни медиуми изјавува дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа владата се обидува да го корегира и да ги појасни неговите позиции. Зоран Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот и нанесува огромна штета на националните интереси, велат […]

Уникатно одлучување во Советот на обвинители: Функции за роднини, деградација на критичари


Обвинителката Лидија Раичевиќ кон крајот на минатата година на трибина за правосудството јавно ги критикуваше состојбите во нејзината фела и притоа посочи на непотизам со прашањето – „Дали во обвинителството има раководители што ги вработиле своите деца и роднини?“ Само два месеца подоцна, Раичевиќ , практично, беше деградирана со одлуката на Советот на јавни обвинители […]

Пет сообраќајки во Скопје, едно лице тешко повредено


Сопатник бил тешко повреден во една од вкупно пет сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една со телесни повреди се здобил еден возач, а во три била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Десет возачи се […]

„Крвоток“ ќе го реформира ВМРО-ДПМНЕ


Додека од „белиот дворец“ на ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат пораки за обединување, а реформаторите се вклучуваат во телата на организацијата, дел од видните членови на партијата отворено и јавно искажуваат неслагање со водството, што најавува нови интерни судири. Со бебе во рацете, пратеникот Антонио Милошоски преку социјалните мрежи посочи дека спротивно од одлуката на партијата ќе излезе […]

“Krvotok” will reform VMRO-DPMNE


While messages of unification reach from the ‘White palace’ of VMRO-DPMNE, and the reformers are included in the bodies of the organization, some of the prominent members of the party openly and publicly voiced dissent with the leadership, announcing new internal clashes. With a baby in his hands, MP Antonio Milososki through the social networks […]

3-6-9 months or years?


Aleksandar Nikoloski Plan 3-6-9, which was pompously announced by the media, should be an action plan for implementing reforms that Macedonia should deliver in several key areas, such as rule of law, justice, public administration, media, security-intelligence services. According to the government, they should have been based on recommendations by Reinhard Priebe’s expert group and […]

3-6-9 месеци или години?


Александар Николовски Планот 3-6-9, кој медиумски силно беше најавен од Владата, би требало да претставува акциски план за спроведување на реформите што Македонија треба да ги испорача во неколку клучни области, како владеење на правото, правосудство, јавна администрација, медиуми, безбедносно-разузнавачки служби. Според Владата, тие требаше се базираат на препораките на високата експертска груба на Рајнхард […]

Секој ден е борба: Луѓето со ретки болести талкаат по дијагноза и чекаат нови лекови


Навремена дијагноза, повеќе и подобри лекови бараат пациентите со ретки болести во пресрет на денешниот 28 февруари, Денот на ретки болести. Со нив се соочуваат околу 400 пациенти од Македонија. Станува збор за комплицирани, најчесто генетски болести, кои бавно и тешко се откриваат. Од осум илјади регистрирани ретки болести, колку што има во светот, само […]

Измени на триесетина закони на собраниските комисии


Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за култура, за транспорт, врски, за екологија и за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија. Предлог – законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, во прво читање, е на дневен ред на Комисијата за култура. На дневен ред […]

Родителите на девојчето со молк ја слушнаа пресудата за Чапароски


Родителите на девојчето не покажале никаква реакција по пресудата за д-р Александар Чапароски, поранешен директор на Клиниката за неврохирургија, на кого судот вчера му изрече условна казна од една година затвор доколку во рок од две години не направи кривично дело. Чапароски беше обвинет дека од таткото на девојчето побарал 1.000 евра поткуп за да […]

Неколку илјади граѓани протестираа за одбрана на уставното име на Македонија


Неколку илјади граѓани протестираа вечерва од Мисијата на ЕУ во Скопје, па се до Собранието за одбрана на уставното име на Македонија и за прекин на преговорите за името со Грција. „Бараме итен крај на разговорите за името на државата. Отфрламе референдум за името. Ја повикуваме власта да се откаже од намерата за промена на името, ја охрабруваме опозицијата да ги одбрани името и идентитетот […]

Лазар Еленовски назначен за специјален пратеник на Владата на РМ во НАТО


Владата денеска на 56. седница го назначи Лазар Еленовски за специјален пратеник за НАТО интеграции во Брисел. На денешната владина седница беа отповикани неколку конзули на Република Македонија, Ричард Голдман, Џејсон Мико, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, како и Пуршотам Карамангала Џајарам. Владата го именуваше Бујар Дарлишта за в.д. директор на Управата за […]

Тони Надал: Федерер е подобар од Рафа, не поголем од него


Роџер Федерер доби голем комплимент од вујкото и долгогодишен тренер на неговиот најголем ривал во текот на годините, Рафаел Надал – Тони.. За Надал постариот, Федерер во моментов е „најдобриот на сите времиња“ – мислење, кое го делат многумина. Триесет и шест годишниот Швајцарец ја освои својата рекордна 20-та Гренд слем титула пред еден месец, […]

Јункер: Не дојдов во Црна Гора да давам празни верувања


Црна Гора има силна волја да влезе во Европската унија и нејзината судбина е во ЕУ, изјави денeска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во црногорскиот парламент. – За помалку од 12 години успеавте да поминете неверојатен пат, нагласи Јункер. Тој потсети дека државата е членка на ОН, ММФ, СТО, а од лани и на […]

Мицкоски: Владата и Заев креираат хаос и се наддаваат за спорот со името


Пред очите на целата јавност гледаме како се одвива вистински хаос креиран од владата и премиерот во поглед на најсуштинското прашање, а тоа е спорот со нашиот јужен сосед, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил. -Збунувачки за целата јавност е што меѓународен медиум тврди дека Премиерот Заев рекол дека би се […]

Сефај: Интерпол ги укина потерниците за поранешните лидери на ОВК


Косовскиот министер за внатрешни работи Фламур Сефај тврди дека добил потврда од Интерпол дека таа организиација ги укинала потерниците по поранешни членови на ОВК кои Србија ги товари за воени злосторства. Сефај, пред парламентарната комисија за внатрешни работи, зборувал за барањето на Косово за членство во Интерпол, објави Газета Експрес. Тој рекол дека добил потврда […]