ВМРО-ДПМНЕ: Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот со името


Зоран Заев за реномирани меѓународни медиуми изјавува дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа владата се обидува да го корегира и да ги појасни неговите позиции. Зоран Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот и нанесува огромна штета на националните интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев не запира со политиките кои се спротивни на државните и националните интереси, но судовите за тероризам и уривање на уставниот поредок ги гонат оние кои имаат храброст јавно да му се спротивстават. Повеќе од три месеци, македонски патриоти во конструиран и монтиран политички процес без основ лежат по затворите или во куќен притвор“, се вели во соопштението од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, власта мора да запре со законските и институционални злоупотреби во интерес на функционалноста на државата и довербата на граѓаните во неа.