Андреј Папаз најуспешен моден дизајнер меѓу битолчани


Модниот дизајнер и костимограф Андреј Папаз е прогласен за најуспешен дизајнер на  манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани“. Настанот се одржа во организација на традиционалниот Битолски весник, по 19 пат, во Битола на кој присуство имаше гости од целата држава.

„Навистина ми е чест во мојот роден град по втор пат да ме прогласат за најуспешен моден дизајнер. Оваа награда ја посветувам на моите љубители на модата, како и на семејството кое ми ја дава комплетната поддршка. Верувам дека 2018 година имам големи предизвици пред себе и со гордост најавувам нови проекти и креации“ вели Папаз.

Папаз е препознатлив е по раскошните креации и гламурозните фустани. Зад себе има реализирано две модни ревии на Моден Викенд- Скопје, – „Враќање на антихеројот“ и „Подем на гревот“. Има работено на голем број костимографии за претстави ширум македонските театри, а и костимографии за телевизиски серии.