Приведен и Игор Дурловски


Оперскиот пејач со светско реноме, Игор Дурловски, е уапсен утринава, заедно со Митко Чавков, актерот Владо Јовановски и други пратеници и граѓани, за настаните од 27. април во Собранието. Дурловски во мај поднесе оставка од директорското место во МОБ.

Чавков и другите приведени даваат искази во Кривичен суд


Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во моментов е во Кривичниот суд каде дава исказ пред судија на претходна постапка. И повеќе други лица се изведени пред судија на претходна постапка кој постапува по писмен поднесок од ОЈО во врска со настаните во Собранието од 27 април. […]

Уапсени се и пратеникот Крсто Муковски, актерот Владо Јовановски, Ќосето од Велес…


И неколку други лица се уапсени утрово заедно со Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, дознава Независен весник. Сите во моментов се на распит во полициска станица и се чека да бидат спроведени во Кривичниот суд. Според неофицијалните информации, меѓу приведените се актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратениците […]

Белградска „Политика“: Одлуката на БПЦ „ги возбуди“ црковните кругови во Белград


Белградскиот весник „Политика“ во денешното издание анализирајќи ја одлуката на Бугарската православна црква да прифати да ја застапува Македонска православна црква пред останатите цркви заради утврдување на канонскиот статус, пишува дека ги „возбуди“ црковните кругови во Белград. Во врвот на СПЦ неофицијално изјавиле дека се „изненадени со одлуката на Бугарската патријаршија и се надеваат дека […]

(ВИДЕО) Уапсен Митко Чавков за насилствата во Собранието


Утрово е уапсен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР. Се очекува Чавков да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка. Причина за неговото апсење се насилставта во Собранието на 27 април. Чавков се товари дека не давал наредба полицијата да ги спречи инцидентите на време.

Шилегов: Наскоро ќе понудиме концепт за решение за Дрисла


Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов соопшти дека наскоро ќе излезат со податоци и со цел концепт за депонијата Дрисла во која, како што рече, има индиции за сериозни криминали дури и шпекулации дека се гори радиоактивен отпад. Во интервју за ТВ Телма вечерва Шилегов рече дека во тек е инспекциски наздор и се издадени одредени […]

Албанија и Косово потпишаа 12 договори на заедничката седница


Владите на Албанија и на Косово денеска во албанскиот град Корча ја одржаа четвртата заедничка седница, во рамки на одбележувањето на 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија и Денот на албанското национално знаме. Албанскиот премиер Еди Рама и неговиот косовски колега Рамуш Харадинај за време на седницата потпшаа 12 договори, од кои четири […]

Дачиќ: Нема да има посредник меѓу Белград и Приштина


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ наведе дека не верува оти е можна промена во рамката на дијалогот меѓу Белград и Приштина, ниту пак дека е можно во него да биде вклучена трета страна. Тој, на прашањето од Прва ТВ, дали дијалогот меѓу Белград и Приштина би можел да добие уште еден директен посредник, […]

„Чајна Енерџи“ најави учество во проекти во Македонија


Премиерот Зоран Заев и владиниот економски тим денеска во Будимпешта оствариле средба со Динг Јанжан, потпретседател на Бордот на директори на „Чајна Енерџи“ и со други претставници на менаџментот на компанијата. – Од компанијата која има отворено свое претставништво во Скопје истакнаа дека се создадени услови за инвестициски циклус во секторите енергетика и транспорт. Компанијата […]

Јилдирим: ЕУ повторно да размисли какво место ќе има Турција


Европската унија е „целосно збунета“ откако Велика Британија гласаше да ја напушти и треба одново да ја разгледа својата визија за проширувањето и за местото на Турција во него, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим за време на посетата на Лондон. – По одлуката за Брегзит, ЕУ е сосема збунета. Тие треба да ја преразгледаат својата […]

Брод со осум мртовци пронајдени во Јапонија


Осум тела, од кои повеќето се претворени во костури, се пронадени денеска во мал дрвен брод што допловил на плажа во Јапонското Море. Јапонската крајбрежна стража соопшти дека се обидува да го утврди идентитетот на жртвите. Експертите сметаат дека станува збор за уште една во серијата несреќи на севернокорејски рибарски бродови, што се случија во […]

Митрополитот Агатангел се оградува од соопштението на Синодот на МПЦ-ОА


Митрополитот Повардарски г. Агатангел во пишана реакција наведува дека се оградува од соопштението на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија по повод одлуката и решението на Светиот синод на Бугарската православна црква. „Изненаден сум од веста дека постои соопштение на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, бидејќи Синодот на МПЦ – ОА […]

Лондон забранува ресторани со брза храна во близна на училишта


Учениците во Лондон ќе мора да се изнапешачат за да купат „нездрава“ храна, откако ќе стапи во сила новата наредба на лондонскиот градоначалник Садик Кан, кој ќе забрани отворање на нови ресторани за брза храна на 400 метри до училиштата. Целта на оваа мерка е да се сузбие појавата на прекумерна тежина кај децата, пишува […]

(ФОТО) Детали од убиството: Разбојниците ги застрелал сопственикот на менувачницата


Две лица се убиени попладнево во општина Кисела Вода при обид за грабеж на менувачницата „Македонија“ во близина на споменикот на Тодор Александров, јави репортерот на Независен.мк од терен, а полицијата ги потврди информациите. Според полицијата, двајца разбојници чии идентитети сè уште не се познати вооружени и маскирани влегле во менувачницата со цел да ја […]

Почна расправата за Буџетот: За владата најекономски, за опозицијата нереформски


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет од денеска почна расправата по Предлог-буџетот за 2017 година. Предлогот пред членовите го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски кој најави  трошење на народните пари на вистински мерки кои ќе придонесат за подобрување на економијата и животот на граѓаните, а не, како што рече, на расипништво и непотребни […]

(ФОТО) Две лица убиени попладнево во Кисела Вода, полицијата врши увид


Две лица се застрелани попладнево во општина Кисела Вода при обид за грабеж на менувачницата „Македонија“ во близина на споменикот на Тодор Александров, јавува репортерот на Независен.мк од терен. Полицијата засега потврдува дека се случил инцидент, но подоцна ќе излезе со деталите. Според неофицијални информации, двете лица кои се застрелани се обиделе да извршат грабеж. Тие […]

Најдолговечниот министер стана советник на Заев


Поранешниот министер за евроинтеграции, за одбрана и за економија, Фатмир Бесими, стана советник за економија во кабинетот премиерот Зоран Заев.  Тој е биде дел од владината делегација во Будимпешта на Самитот на шефови на влади на процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа. Бесими е еден од најдолговечните […]

Заев на средба со „Хуавеи“: Во Македонија се создадени услови за нови инвестиции и соработка


Во рамки на дводневниот престој на владината делегација во Будимпешта на Самитот 16+1, премиерот Зоран Заев придружуван од економскиот владин тим денеска се сретна со Дејвид Танг, претседател на „Хуавеи“ за Централна и Источна Европа и нордиските земји, и со други претставници на менаџментот на компанијата. Владината прес-служба соопшти дека на средбата се разговарало за […]

Të shtëna me armë në Shkup, dy të vrarë


Pasdite në një këmbimore në lagjen Kisella Vodë të Shkupit, ka ndodhur një incident i armatosur. Dëshmitarë okularë kanë thënë për sdk.mk se dy persona janë future në këmbimore, kurse personi që ka qenë brenda ka shtënë drejt tyre. Ata thonë se kanë vërejtur dy persona të shtrira në tokë. Para këmbimores vërehet prezencë e […]

Заев: Одлуката на БПЦ e исклучително позитивна


Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на Бугарската православна црква да го води и помага целиот процес за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и ја оцени како исклучително позитивна. „Како православен верник сум радосен, но уште еднаш ќе повторам Македонија е секуларна држава. Ние не сакаме да се мешаме во […]