2017: „Гучи“ најбаран моден бренд
Англија- Италијанската модна куќа „Гучи“ е на врвот на најбарани модни брендови и хит-парчиња во 2017 година, објави порталот за бизнис вести „ Business of Fashion“.
Лани, модната куќа привлече осум милиони нови пријатели на Инстаграм, а на листата меѓу топ-парчињата, се најдоа четири нивни производи.
Во топ-10 најпосакувани брендови се најдоа и „Баленсијага“, „Ветементс“, „Валентино“, „Живанши“, „Монклер“, „Стоун Исланд“, „Оф-Вајт“, „Балмен“ и „Џизи“.