14-годишно момче почина откако врз него падна бојлер додека се туширал


Фото: Б. Грданоски

Вистинска трагедија се случила вчера во Маврови Анови откако Д.Ѓ.(55) во 18:00 часот во полициско одделение Маврово пријавила дека нејзиниот малолетен син починал откако врз него паднал бојлер додека се туширал . Неофицијално се работи за 14 годишно момче.

“Според пријавата малолетникот се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во населбата Маврови Анови”, информираат од СВР Тетово.

Од МВР известуваат дека за настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.