Џорџ и Амал Клуни: Зошто не дојдоа на свадбата на принцезата Евгенија?


САД- Женската конференција која во Пенсилванија се оддржува по 15.пат собра над 12 илјади жени, а меѓу говорниците беше и Амал Клуни (40), адвокатка за човекови права и сопруга на актерот Џорџ Клуни. Токму конференцијата беше причина што двојката не присуствуваше во петокот на свадбата на принцезата Евгенија и младоженецот Џек Брусбанк во Виндзор, амбасадор на славната текила „Казамигос“ чиј сопственик беше Клуни, пред да ја продадат со партнерот Ренди Гербер, сопругот на топ-моделот Синди Крафорд.

Амал во Пенсилванија се облече необично, во тесен плетен фустан кој и ја откриваше витата става.

И ѕвезди и благородници дојдоа на втората кралска свадба во Британија, по онаа на принцот Хари со актерката Меган Маркл каде присуствуваше двојката Клуни.