Џенифер Лоренс раскина со режисерот Аронофски


САД- Оскаровката Џенифер Лоренс (27) раскина со славниот режисер Дарен Аронофски (48), по една година врска. Двојката се запозна лани на сетот на филмот “Мајка“кој го режираше Аронофски, а последен пат е видена на доделувањето на Гувернерските награди во Лос Анџелес, месецов. Аронфски своевремено имаше изјавено дека Лоренс е актерка со редок талент.

Џенифер претходно беше во врска со актерот Николас Холт и фронтменот на “Колдплеј“- Крис Мартин.