Џафери отпатува за Белград


Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери од денеска ќе престојува во дводневна посета на Србија.

Во придружба на џафери во Белград се членовите на пратеничката група за соработка со Собранието на Србија: Иван Стоиљковиќ, Илија Николовски и Мирсада Емини Асани.

Во рамките на официјалната посета, претседателот на Собранието ќе се сретне со претседателката на Народното Собрание на Србија Маја Гојковиќ и со претседателката на српската Влада Ана Брнабиќ.