Јужноафриканка е Мис Универзум 2017
САД- Деми-Леи Нел-Петерс (22 ) од Јужна Африка е избрана за Мис Универзум на изборот што се одржа синоќа во Лас Вегас, САД. Во првата тројка,влегоа убавиците на Јамајка, Давина Бенет, и учесничката од Колумбија, Лаура Гонзалес. На вториот, најпрестижен избор на убавина во светот, учествуваа 92 убавици од светот.
Мис Универзум како награда доби скапоцената круна, право да живее бесплатно во Њујорк една година и рекламен договор, со кој го обиколува светот и учествува во различни добротворни настани.
Нел-Петерс работи како инструктор за самоодбрана, а учествува и во програмата наречена Unbreakable за обука на жените во техниките на самоодбрана. Неодамна ги завршила студиите на универзитетот специјализирајќи менаџмент.
Изборот “Мис Универум“ се одржува од 1952 година. Од 1996 до 2015 година, франшизата за неговото организирање ја има американски претседател Доналд Трамп.