Јувентус е подготвен да плати за Ковачиќ 50 милиони евра
Хрватот од Реал, Матео Ковачиќ може да се врати во Италија. Според „Газета дело Спорт“ сериозен интерес за Ковачиќ пројавил Јувентус.
Според изворот, италијанскиот шампион е подготвен да плати за Ковачиќ 50 милиони евра.
Останува да се почека одговорот од Реал, дали ќе ја прифати оваа сума за превремен раскин на договорот со својот фудбалер.
И самиот Ковачиќ е подготвен да ја разгледа можноста да се пресели во друг клуб, бидејќи во Реал не доби поголема минутажа.