Јована Филиповиќ за „Независен“ : Во Фиренца ја остварувам желбата


Дизајнерката Јована Филиповиќ за која се бара покана повеќе на ревиите во Скопје е на мастер студии на универзитетот за мода, Полимода во Фиренца, Италија.

-После неколку години конечно решив да си ја остварам желбата и амбицијата што ја имав. Тоа е да да го продолжам моето образование во градот кој што за мене е еден од најубавите во Европа, Фиренца. Во денешно време дизајнерите не  креираат само колекции, туку се грижат и за бизнис делот од работата, адвертајзингот, креативните кампањи и сл. А сето тоа да изгледа така фино како што го прават модните брендови надвор сметам дека е потребно многу знање и искуство, ни изјави Филиповиќ.

Вели, потенцијалот што ние го имаме во Македонија, а воедно и на Балканот е доволен за да се носиме рамо до рамо со светските трендови.

-Но како и во секоја друга работа, потребно е истрајност, упорност, многу љубов и добра интуиција  да ги препознаеме моментите кои се клучни за нашата работа, дообјаснува дизајнерката.

План за иднината и е да се слуша себеси и своите креативни потреби и пред сѐ да го прошири брендот ЈФ и надвор од границите на Македонија. (Л.С.)