Јада го развиори македонското знаме на свеченото отварање на ЗОИ 2018


Попладнево свечено беа отворени 23-тите Зимски Олимписки игри, а македонската делегација, на чело со Ставре Јада, продефилира на отварањето во Пјонгчанг.

Покрај нордиецот Јада, Македонија во Јужна Кореја ќе биде претставена од Викторија Тодоровска во нордиско скијање и Антонио Ристевски во алпско скијање.

Во Пјонгчанг ќе настапат вкупно 2.952 спортисти, а најмногу ќе бидат од САД – 242.
Ова ќе бидат рекордни ЗОИ по бројот на учесници, а исто така и според рекордниот број натпреварувачи од САД.