Ѓукановиќ: Ќе ги преиспитаме односите со ЕУ доколку го одложат проширувањето


Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека Црна Гора ќе ги преиспита односите со Европската унија доколку во Брисел почне да се менува мислењето за проширување.

Негирајќи ги наводите дека е евроскептик, Ѓукановиќ посочи дека Унијата ја доживува како привилегиран партнер, но дека тоа партнерство мора да се докаже обострано.

– Не станува збор за евроскептицизам, туку за повикот да бидеме партнери. Црна Гора, Унијата ја доживува како привилегиран партнер, бидејќи им дозволуваме да ни кажат што и како да правиме, наведе црногорскиот претседател.