Шпанија – најдарежлива земја за донирање органи


Шпанија е светски лидер во донирањето органи, позиција што ја држи веќе со години.
Лидерството на оваа земја се потврди и за 2017 година.

Според податоци на шпанското министерство за здравство, бројот на донори минатата година се зголемил за повеќе од осум отсто. Вкупниот број на донирани органи бил 2.183 органи, објави министерството.

Во текот на годината во Шпанија биле пресадени рекордни 5.259 органи, најмногу бубрези и црн дроб.
За да ги објасни таквите импресивни резултати, министерката за здравство изјави дека Шпанија е најдарежлива земја на светот.
Шпанија има 46,9 донори на еден милион жители, што е уште еден рекорд. Таа стапка секоја година се зголемува.

На второ место е Хрватска. Но, додека бројот на донори во Шпанија расте, во Хрватска опаѓа. Според податоци од хрватската донорска мрежа, во 2016 година во оваа земја имало 34,8 донори на милион жители, но тој број минатата година падна на 32 донори.