Шиповиќ ќе издаде книга за притворските денови


Поранешниот претседавач на Советот на Центар и претседател на разгранокот на СДСМ во оваа општина подготвува книга во која ќе биде раскажана неговата и голготата на неговите најблиски за време на процесот „Претседавач“ што се водеше против него за наводни злоупотреби во фирмата „Машинопромет“.
Случајот против Шиповиќ беше отворен во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а откако СДСМ, на локалните избори во 2013 година освои градоначалничко место и мнозинство со само еден советник повеќе во општина Центар, што значеше, меѓудругото, и своевидна блокада за проектот „Скопје 2014“.
– Јас во тоа време бев во Бостон. Полициската акција беше како гром од ведро небо.Тој 9 октомври 2013. година, во раните утрински часови, по бостонско време, ме разбуди телефонски повик од Скопје. Ми се јави советничката Весна Милосавлевска да ме праша што се случува. Ми вели: “Ве апсат!”. Јас стаписан. Во треска ги отворам македонските портали и што да видам? Ми се стемнува пред очи. Земјата се отвора под мене. Брат ми го уапсиле, а мене ме обвинуваат и ме бараат за некаква проневера. Јас намам поим за што станува збор. Ниту нешто сум проневерил, ниту данок сум затаил, ниту некого сум излажал. Панично се обидувам да ја заменам авионската карта за да се вратам во Македонија – веднаш, раскажува Шиповиќ за правосудство.мк.

Поранешниот  претседавач на Советот на Центар ќе ја тужи државата за надомест на штета за осумте месеци притвор, од кои дел помина во Виена, каде што беше уапсен на аеродром додека чекаше авион за да се врати од Бостон во Скопје, откако дозна дека е отворена кривична постапка против него.  Случајот „Машинопромет“ беше затворен во почетокот на оваа година со ослободителни пресуди и со повлекување на обвинтелниот акт.