Шеесетгодишен пешак тешко повреден во Тетово


Шеесетгодишен пешак е потешко повреден вчера во Тетово кога во него удрил автомобил БМВ со гостиварски таблици.

Полицијата соопшти дека вчера околу 17:00 часот на крстосниците на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „29-ти Ноември“ во Тетово, патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од А.Б.(33) од Гостивар, удрило во пешакот Т.Ш.(60) од Ларце.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и укажана му била лекарска помош во тетовската клиничка болница по што бил пренесен на скопските клиники.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово бил извршен увид на местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот.