Честитка на генералниот секретар на СДСМ Кирацовски за Велигден
Честитка на генералниот секретар Кирацовски за Велигден: „Овој голем празник нека го зацврсти духот на заедништво и меѓусебна почит.“
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, во чест на големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до претставниците на МПЦ-ОА и до сите граѓани кои денеска празнуваат.
„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име, упатувам искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија кои го чествуваат големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден.
Овој голем празник нека донесе спокој, радост, љубов и топлина во секој дом, во секое семејство и нека го зацврсти духот на заедништво и меѓусебно почитување кај сите граѓани.
Во духот на христијанските вредности, овие празнични денови нека бидат поттик за сплотување околу солидарноста и меѓусебната почит. Само ако сите заедно дадеме придонес во негувањето на универзалните човекови вредности, како толеранцијата, слободата, правдата и чесноста, ќе овозможиме спокоен и среќен живот за сите.
Ви посакувам убави празнични денови.
Христос воскресна!
Навистина воскресна!“