Чекинато го исфрли Ѓоковиќ од „Ролан Гарос“


Италијанскиот тенисер Марко Чекинато се пласираше во полуфиналето на „Ролан Гарос“, откако со 3:1 во сетови го совлада најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Чекинато, кој се наоѓа на 72-та позиција на АТП листата го направи најголемото изненадување на турнирот елиминирајќи го поранешниот најдобар тенисер во светот, кој во моментот е на 22-то место.

Италијанскиот тенисер прикажа одлична игра и најави можно изненадување уште во почетокот на натпреварот освојувајќи ги првите два сета.

Ѓоковиќ се врати доминантно и го освои третиот сет, но во четвртиот иако водеше на крајот прикажа пад во неговата игра и го загуби натпреварот.

Чекинато во полуфиналето ќе се соочи со Доминик Тим, кој со 3:0 во сетови беше подобар од Александер Зверев.