Чавашоглу најави турско-ирачката операција против Курдите


Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска најави дека Турција и ирачката влада ќе изведат заедничка операција против курдските екстремисти во северниот дел на Ирак.

– Трансграничната соработка би можела да почне откако во Ирак ќе бидат одржани парламентарните избори, што се планирани за мај – посочи Чавашоглу.

Тој исто така наведе дека турската офанзива во регионот Африн, северна Сирија, што почна на 20 јануари против курдските Единици за заштита на народот, ќе заврш во мај.