Хрватска падна под четири милиони жители


Според последната проценка на хрватскиот Завод за статистика, во средината на минатата година, Хрватска имала 4.089.000 жители. Ова е најмалата бројка во последните 25 години.

Сепак, според проценките на демографите, Хрватска во моментов има под четири милиони жители бидејќи голем број емигранти не се одјавени.

Во изминатите седум години е намален бројот на деца до 14 години на речиси 60.000, а се зголемил бројот на постари од 65 за повеќе од 74.000 лица.

Според демографите, овде не се работи само за намалување на населението, туку проблем е што сите граѓани ќе трпат последици од оваа лоша старосната структура на населението преку пензиите и здравственото осигурување бидејќи нема да има кој да ги финансира.

Во исто време, тврдат демографите, невозможно е да имате население од 4.089.000, а истовремено 3.774.548 гласачи кои се водат во регистарот на Министерството за администрација. Како што е наведено, овие бројки би биле можни само ако на избирачкиот список се заведени и малолетни деца.