Хрватската претседателка мора да врати 300 долари кои ги добила како подарок


Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ќе мора да врати 300 австралиски долари, кои ги добила како подарок за време на посетата на Австралија летово.

Кабинетот на Китаровиќ побарал мислење од хрватската Комисија за судир на интереси, откако забележале дека во подароците дадени од страна на Хрватите со кои се сретнала во Австралија има и паричен подарок.

Според закон, претседателката не смее да прими паричен подарок, а не смее ниту да го донира во хуманитарни цели, по што Комисијата сугерираше парите да бидат испратени до Амбасадата на Хрватска во Австралија со цел, доколку е можно, да му бидат вратени на донаторот.