Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Со големо внимание им се посветувате на должностите имајќи ги на ум своите долгорочни цели. Ова е време кога ќе научите нови вештини, но ќе треба да внимавате како да ги аплицирате и да ги барате вистинските методи. Најважно е да имате респект за другите и да заборавите на тесноградоста. Без егоизам!
БИК: Како вешт играч на шаховското поле, знаете кога е време за напредување, а кога за повлекување: така ќе дојдете до саканата благосостојба и респект. Вашите идеи се со благороден карактер и доколку си верувате повеќе, набрзо би можеле да го постигнете саканиот успех. Влијаете на луѓето со редок шарм.
БЛИЗНАЦИ: Месечината во Риби ги вади од вас најубавите црти и сега уживате во голем просперитет со луѓето кои што ги среќавате. Ова е време кога треба да се рафинираат започнатите проекти: кое поле бара инвестиција? Успешни партнерски врски. Замислете го залезот на сонцето како да сте на плажа на Гоа!
РАК: Островот на кој замислувате да се населите е веќе зафатен: ќе треба да смените тактика и рутина за да дојдете до саканото. На оние наоколу веќе им е јасно колку вредите, нема потреба за шпекулации, затоа култивирајте се и направете нова шема за да заработите. Бидете вредни и методични. Шанси.
ЛАВ: Иако планетите ве поттикнуваат да дејствувате, сепак ова е време кога треба да бидете дисциплинирани и трпеливи. Љубовните врски, но и креативните проекти се во развиена фаза, нема потреба од страв. Очекувајте секој момент да бидете повикани на состанок, каде што ќе добиете добри инструкции. Надеж.
ДЕВИЦА:Пред вас е прекрасен ден во кој треба да научите да се опуштите: многу работи се веќе постигнати, а на дел ќе им речете и збогум! Секако ова ќе ви донесе олеснување и задоволство поради зрело постигнатиот договор и ќе ви ја даде потребната самодоверба да продолжите напред. Нови инвестиции. Дарови.
ВАГА: Ова е ден со променлив потенцијал пријатели: еден момент сте горе, а веќе следниот долу, ќе треба да бидете внимателни за да го постигнете саканото. Нема потреба да се однесувате како чудак или да глумите жртва, криејќи ги вистинските мотиви. Бидете сталожени и мудри и најдете време за изучување.
СКОРПИЈА: Времето на ароганција и самобендисаност завршува: сега вам ви е редот да давате и тоа со двете раце! Така ќе си го вратите угледот меѓу пријателите и ќе ги задржите оние вам највредните. Нема потреба да летате како гуска во магла, ниту пак да бидете индиферентни. Насмејте се и сè ќе биде во ред друштво.
СТРЕЛЕЦ: Ова е време за објективно размислување и искалкулирани чекори: балансирајте ја добро својата енергија, особено ако појдете некаде на пат. Како да сте во вечен галоп, ќе треба вешто да ги држите уздите на својата кочија. Марс од Овен ве стимулира и во вашето котле се варат неколку идеи. Љубов.
ЈАРЕЦ: За вас се вели дека сте родени подготвени да го заземете највисокиот врв на светот: бидете трпеливи и најверојатно ќе ви се исполнат желбите. Месечината во Риби ве повикува да верувате повеќе во надреалните светови и вистинските причини за нештата: така ќе се здобиете со голема мудрост. Истражувајте. Пат.
ВОДОЛИЈА: Времето на неизвесност завршува, ова е ден кога ќе уживате во заслужениот успех пријатели! Знаете како да поставите здрави граници и другите ви се благодарни за тоа. Ќе се сетите колку заеднички работи ве поврзуваат со блиските и ќе ја вложите сета своја сила за да дојдете до корисно решение.
РИБИ: Можеби учествувавте во некој чин кој е под вашите стандарди и сега ви е тешко поради тиранската опресија од страна на некои поединци. Главата горе, вие сте вешти магионичари и користете ги своите тајни рецепти за да се изборите за својата кауза. Бидете храбри, вашите мотиви се чисти како солза и ќе успеете!
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ