Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ви претстои голема работа, како во физичката димензија, така и во сферата на духовното. Полека ги откривате сокриените работи и затоа ќе ги направите вистинските чекори. Доколку, пак, треба да почекате, кротете го својот темперамент. Не брзајте.

БИК: Креативен период кој ве повикува на акција. Единственото нешто на кое ќе треба да внимавате е да не се исмевате никому, да не правите недолични коментари и се правите со сила шарлатани. Доколку, пак, вам ви се исмеваат, сфатете го тоа како сигнал за нов почеток.

БЛИЗНАЦИ: Имате потреба да побегнете од односите што ве задушуваат и денес би можеле да дојдете до таква шанса. Некои работи остануваат надвор од ваша контрола. Ако најдете сила за малку хумор и убави манири, ќе успеете да влијаете позитивно врз ситуациите. Доживувате будење.

РАК: Ќе добиете шанса да ја демонстрирате својата умешност, за која минавте часови и часови во работа. Преминувате од теорија, во пракса. Можно е да се соочите со некаква болка, но таа ќе ви послужи како учител и ќе го зајакне вашиот карактер. Прочистување.

ЛАВ: Ги правите последните адаптации и ги поврзувате работите во поголема целина, пред да ја презентирате во јавноста својата работа. Тоа ќе биде утре. Денес рафинирајте ги запоставените детали, спакувајте го она што го имате и дајте си време за одмор. Утре е нов ден.

ДЕВИЦА: Уживате во прекрасен креативен циклус, кој ви дава шанси да ги реализирате своите проекти и им дадете живот. Направете ги потребните адаптации за да го анимирате проектот успешно и во целост. Отворете се за посредништво. Промени на работното место. Сигурност.

ВАГА: Се соочувате со тешкотии и одолговлекувања – не можете да пораснете толку колку што сакате. Сепак, не дозволувајте тоа да ве обесхрабри. Утре ќе има подобра шанса, затоа релаксирајте се. Искористете го денот онака како вам ви одговара. Најдете сигурност дома.

СКОРПИЈА: Секојдневната комуникација се зголемува и сега е добро да направите листа на приоритети. Ако се јави нешто итно, оставете сè и приклучете му се. Одбијте другите да ви се мешаат во вашите избори. Ова се важни времиња и најдобро е вие да ги носите одлуките.

СТРЕЛЕЦ: Време е добро да размислите за своите цели и да се фокусирате на себе. Вратете си ја самодовербата, откријте која е вистинската мисија за вас. Здобијте се со нова перспектива, слушајќи ги сугестиите од страна. Информациите ќе ви пополнат повеќе празнини во логиката.

ЈАРЕЦ: Воспоставувате нов пат и стандарди, а планетите во вашиот знак ве поддржуваат. Бидете свесни и со благородни цели – така ќе успеете. Објавете ги јавно работите, а доколку некој ве злоупотребува, тргнете го од себе. Токму потоа ќе може да постигнете победа.

ВОДОЛИЈА: Ќе мора да смените дел од своето однесување, нешто да оставите зад себе. Тоа е последното нешто, а потоа продолжувате напред. Можни се изненадувања, кои ќе бараат адаптација. Знајте дека ништо не е повредно од вас самите. Најдете време за сон.

РИБИ: Обрнете внимание на комуникацијата – доаѓате до важни позиции и податоци и соработувате со останатите. Дисциплината е витална, како и следењето на протоколот. Сепак, ако сметате дека се прави преголема парада од работите, повлечете се малку. Разговарајте.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]