Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Многу влијателна личност се појавува во вашиот живот – доаѓате до нови перспективи. Добро е да се учествува во тимска соработка при што се доаѓа до нови вештини и знаења. Оставете малку време и за себе, особено дозволете му на јазикот да одмори. Го постигнавте она што го сакате, затоа уживајте малку.
БИК: Спокојни и упорни, денес ја имате потребната отпорност да станете и направите нешто во креативни и конструктивни цели. Сега ги гледате работите од друга перспектива и сè добива смисла. Не дозволувајте да ве обесхрабрат туѓите забелешки, туку храбро продолжете напред. Ова е важен период – учествувајте!
БЛИЗНАЦИ: Денес е време за тимска соработка и фер избори – ставете се во ред, набрзо ќе ги добиете потребните информации, а кои ќе укажат кој правец е најдобро да го заземете. Имате поддршка од женска личност со сочувствителна природа, затоа не оставајте оваа врска да пропадне. Искористете ги новите информации.
РАК: Планетите во Скорпија будат силни пориви и досега добро се држите. Имајте на ум дека во некои работи сте сè уште почетник, така што поработете на своите вештини – дозволете ѝ на интуицијата да ве води и не мора сè да објавувате. Оставете нешто да остане мистерија. Имате поддршка од чувствителна личност.
ЛАВ: Прашајте се дали сте крути токму тогаш кога треба да се препуштите другите да ве водат – средба со луѓе со сродни интереси, кои наскоро ќе вродат со плод. Помлада жена би можела да ве инспирира со своите длабоки увиди – ќе ви покаже каде може да се подобрите и да напредувате со своите проекти. Радост.
ДЕВИЦА: Разговарате за избори со долготрајни последици и ќе треба да воспоставите идеал кој ќе потрае. Имајте во предвид дека не мора да ги обелодените сите свои планови сега, бидејќи тоа може да е контрапродуктивно – почекајте уште малку, размислувајќи за својата кариера и начин како да напредувате. Планови.
ВАГА: Како добро познато друштвено битие, прво ќе направите пауза, па потоа ќе продолжите со науменото. Еј, светот може да почека, додека го пиете вашето кафе, та дури и да не се разбуди. Ви верувам, потребен ви е одмор и медитација. Слатки соништа и сатенски ноќи. Набрзо ќе уживате токму во тоа!
СКОРПИЈА: Немирни и страсни, сакате да направите некоја крупна промена, нешто што јавно ќе изненади и јасно ќе ве претстави. Добро е да се прашате дали сте премногу крути и дали веќе сте го постигнале саканото? Иако имате голема длабочина, знајте дека не сè што лета се јаде. Вие имате свои лични интереси.
СТРЕЛЕЦ: Можеби треба да влезете во рингот, но затоа ќе внимавате каде газите – дали просудувате добро и дали играте фер. Нема потреба да инсистирате на поддршка, бидејќи ја имате потребната сила да се носите со сите предизвици. Бидете умерени, одземете каде што има многу и додајте онаму каде што нема.
ЈАРЕЦ: Сè што сте добиле во животот било исклучиво поради вашата вредна природа, така што не си ги затворајте шансите со тоа што се правите намерно слепи за солуциите кои што ви се нудат. Земете ги работите во свои раце, тие имаат креативен потенцијал и продолжете барајќи ги вистинските луѓе. Самодоверба.
ВОДОЛИЈА: Само небото е лимит – велат, а тоа важи и за вас, лумпувате како да нема утре. Имајте слух кога да се повлечете, бидејќи ова е време за обновување на силата, а не за трошење. На крај може да останете целосно исцедени. Повлечете се на кратко, набрзо следуваат промени – нови информации кои ќе забрзаат темпото.
РИБИ: Уживате самозадоволно во постигнатото изобилство и не дозволувате да бидете одвратени од патот. Месечината во Скорпија ќе предизвика страсти, но сега не е време за решително дејствување, туку за чекање на поповолни услови – повлечете се и ревидирајте ги своите планови. Центрирајте се себеси сега.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ