Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Интимното поле е нестабилно, дури има и деструктивно влијание врз вас. Сѐ што треба да направите е да обрнете повеќе внимание дома и да останете мирни и рационални. Избегнувајте агресивност и не им се наметнувајте на другите. Внимавајте и на односот со колегите.

БИК: Можеби сакате да им избегнете на партнерските должности и да ги прекршите сите дадени ветувања. Внимавајте да не се вплеткате во комплицирана ситуација. Полната Месечина во вашиот знак ги нагласува емоциите, затоа не избрзувајте. Верувајте ѝ на интуицијата.

БЛИЗНАЦИ: Љубовниот живот се одвива со полна пареа и ова е момент кој што треба да го искористите! Креативни и витални, се забавувате наоколу, но немојте да сте пресериозни во потрагата и прашајте се дали делувате со вистински мотиви. Сега навистина може да го оставите минатото зад себе.

РАК: Прекрасен период на приватен план – вашите врски се под необично убаво влијание! Сега сте шармантни, спонтани, интелигентни и полни со динамика. Затоа приближете им се на саканите и покажете им каде можете да ги одведете. На работа ќе треба да се борите за да го одржите статусот.

ЛАВ: Сега е тешко да им се доближите на саканите на весел начин, постои извесна крутост, како и дистанца помеѓу вас. Барањата на секојдневието создаваат компликации и несогласувања, поради кои треба да попуштите. Најдобро е да најдете време сами за себе и размислите сѐ одново.

ДЕВИЦА: Внимавајте на контрадикцијата и тензијата во романтичниот живот, пријатели. Можеби сакате мир и тишина, но тоа ќе го добиете кога и самите ќе им го обезбедите истото на другите. Не провоцирајте, туку обидете се да бидете безгрижни. Не инсистирајте на своите права. Бидете мудри.

ВАГА: Во емоционалната сфера, вашите блиски не го споделуваат истиот ентузијазам како и вие – едни ќе ве напуштат, други ќе ви го завртат грбот или едноставно ќе одбијат да одговорат на вашите повици. Сепак, не е сѐ така црно. Вие имате мудрост со која што ќе се износите и со најтешкото.

СКОРПИЈА: Прекрасен ден кој ќе го минете со саканите – планетарната ситуација укажува на динамичен ден, во кој ќе бидете полни со љубов и разбирање. На работен план ќе ги изненадите сите со својата воља и став, затоа искористете го ова влијание да ги постигнете саканите височини.

СТРЕЛЕЦ: Денес е добро да се одделите малку од љубените, за да може да ја разгледате ситуацијата на мир. Потоа ќе дојдете до поволни шанси со кои ќе ја издигнете својата врска на повисоко ниво. На професионален план зуите и полни сте со енергија, а приоритет ви е да бидете креативни.

ЈАРЕЦ: Сега е секој на своја страна, по малку ладни и дистанцирани. Неволни сте да прикажувате емоции, додека останатите се чинат како да се сосема задоволни со себе, но дали е така? Разменете некој збор, тука и таму, бидете разумни и објаснете ги работите. Така ќе си ја вратите самодовербата.

ВОДОЛИЈА: Го владете светот со својот природен шарм, уживајќи во атмосфера на целосна и извонредна хармонија! Постапувате според она што ви го говори срцето и, како последица, на сите има е јасна вашата искреност. Затоа луѓето сакаат да добијат мислење или совет од вас. Забава со најмилите.

РИБИ: Во личниот живот сѐ се движи во ваша насока – спремни за заведување, зрачите со необичен шарм и харизма. Сепак немојте да сте премногу посесивни со своите сакани, бидејќи ова не е натпревар. Амбициозно и интелигентно ја следите својата цел, но внимавајте на мегаломанијата.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]