Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Планетите во Јарец сериозно влијаат врз вас, но емоционалната страна ја надвладува силната имагинација! Балансирањето на овие две спротивставени влијанија ќе е тешко, така што обидете се да бидете што пофлексибилни во својата интеракција со другите.
БИК: Состаноци од особена важност, како и новости во интимната арена. Вашите емоции се нагласени, сакате да верувате во совршена љубов и правите сè што можете за да го остварите тоа. Сепак, не поставувајте си високи стандарди, туку погледнете наоколу, каде што лежи потенцијалната љубов.
БЛИЗНАЦИ: Вашиот личен живот бара внимание и сега е добро да се повлечете на кратко и минете време во самотија. Погледнете подобро и појасно, сега не може да им избегате на прашањата кои бараат одговори или корекција во однесувањето. Професионалното поле е по малку нестабилно.
РАК: Можни тешкотии во интимната сфера – поставувате стандарди, кои потоа ви е тешко да ги исполните во име на љубените и не е ниту чудно што не можете да најдете заеднички јазик. Не правете конечни решенија денес, туку обидете се да ја стабилизирате ситуацијата. Направете мала жртва.
ЛАВ: Денес сте со малку тмурно расположение и сметате дека сите се среќни, освен вие самите. На професионален план ве чекаат крајни рокови и самодисциплина и ќе барате начини како да ги завршите работите кои се влечкаат веќе некое време. Финиширајте ги деталите.
ДЕВИЦА: Постои нешто што ве одвлекува од постигнувањето на комплетна среќа во животот, а тоа се пропуштените шанси. Како и да е, направете обид да искористите барем нешто што ќе ви се понуди денес бидејќи денот е полн со ветувања и хоризонти. Бидете поамбициозни.
ВАГА: Денес сте во неизвесно и малку расеано расположение, ниту пријателите не можат да разберат што се случува со вас. Иако сакате да се забавувате и бидете среќни, вашите најблиски изгледаат прилично далечни и крути и одеднаш доаѓате до блок. Градете го тимскиот дух трпеливо.
СКОРПИЈА: Изненадувања, ненадејни случки и интуиција, а сè поврзано со интимната сфера. Без оглед дали сте самци или во пар, ова е совршен ден за вашиот романтичен живот. Професионалното поле бара попрагматичен пристап, затоа разгледајте ги скоро направените партнерства.
СТРЕЛЕЦ: Потреба за правење на избори во интимната сфера – што и да се случува, нема да ви биде лесно пријатели. Се чини дека конфликтот е повеќе во вас самите, но не им дозволувајте на дилемите да ве парализираат. Што и да правите, не дозволувајте останатите да одлучуваат за вас.
ЈАРЕЦ: Постои доза на нетолеранција во вашите односи – темпераментни изливи, борба за доминација и болка. Привремената разделба можеби е најдобрата солуција засега. Не се конфронтирајте и повлечете се, бидејќи би можеле да зажалите за искажаните зборови. Бидете мудри.
ВОДОЛИЈА: Спремете се за љубов на прв поглед – ќе доживеете неколку прекрасни, интензивни и екстатични моменти и ќе се чувствувате како да сте на врвот на светот. Од друга страна, пак, на работното место воопшто не сте во форма, иако генералната ситуација е поволна. Вложете малку напор.
РИБИ: Каде и да појдете, опкружени сте со многу луѓе – ова е премногу дури и за вашиот вкус! Сепак, вашите сакани ви мислат добро, не бидете толку резервирани. Отворете се и споделете ја среќата и љубовта. Вашето добро расположение ќе ѝ даде хумана нота и на работата.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ