Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Планетите во Јарец укажуваат дека би можеле да се соочите со некој страв, кој ќе ве стаписа. Можеби метежот ве вознемирува или се плашите дека нема да бидете забележани, но смирете се. Другите природно ќе се приклонат кон вас бидејќи тие и знаат каде сте.
БИК: Транзитот на Месечината во Јарец ја омекнува грубата реалност, особено ако се додаде малку хумор. Не очајувајте сега, нема потреба. Вашите планови сосема добро се одвиваат, како да се моделирани според вас или кон она што стремите да бидете. Забава.
БЛИЗНАЦИ: Бидете отворени за пораките што доаѓаат во ваш правец – сега е добро да сте волни да почнете одново. Адаптирајте се колку што можете и јасно чујте што ви се кажува. Бидете спремни да попуштите. Соочете се со своите стравови и продолжете напред.
РАК: Како да сте оптегнати на две страни, но треба да ја кажете својата страна од приказната и да го објасните она што било потиснато внатре. Нема потреба да бидете крути, туку опуштени и едноставни и сè ќе мине во ред. Кажете го она што отсекогаш сте сакале да го кажете.
ЛАВ: Потребна ви е свежа перспектива, така ќе напредувате. Размислете како да стигнете до саканото изобилство – повлечете се и размислете за динамиката на работите и бидете храбри да се соочите со непознатото. Бидете понзини и ќе успеете да се износите со предизвиците.
ДЕВИЦА: Она што се случува сега е многу важно, а особено избирањето на вистинскиот тајминг – дури и да треба да почекате, контролирајте ги емоциите. Наскоро ве очекува напредување, а до тогаш бидете искрени и спонтани и градете ја својата волја – ве чека радост.
ВАГА: Ако сте изиграни од некој, сега е време да станете и да продолжите бавно, градејќи и негувајќи го саканото. Не бидете разочарани бидејќи така ќе си наштетите – ќе си создадете тежина и разочарувања поради тесно проектираните цели. Набрзо олеснување.
СКОРПИЈА: Прекрасен ден во кој воспоставувате убави контакти, на личен и професионален план. Некој сака да ве исконтактира и да ви понуди нешто, а периодот е поволен за искрена и долготрајна врска. Побарајте сојузници и дејствувајте со нив како тим. Ова е динамична фаза.
СТРЕЛЕЦ: Тоа што сте инспирирани е убаво, но не создавајте стрес околу себе, туку бидете мирни и потивки. Соочете се со своите сенки, за да може да дојдете до јасни солуции и бидете спремни да исчекорите во непознатото. Сè ќе си дојде на свое место – обрнете внимание кон дома.
ЈАРЕЦ: Прилично сензитивни, се обидувате да ги пренесете пораките на селективен начин. Знаете што ви е потребно за да дојдете до саканата независност. Одморете малку, посветете им внимание на блиските и прифатете ги промените. Време е за обнова.
ВОДОЛИЈА: Денес ќе се уверите дека понекогаш животот нема никаква логика и тоа е сосема во ред. Треба да се биде отворен кон непознатото и така привлечат волшебни можности, затоа дружете се со нови луѓе и барајте неконвенционални патишта. Најдете време за релаксација.
РИБИ: За време на крупните промени, добро е да им се обрне внимание на заедничките цели. Исфрлете го старото и внесете ново, потоа гледајте како се одвиваат работите и правете калкулирани чекори. Ако треба да попуштите, направете го тоа без жалење. Олеснување.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ