Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Младата Месечина во Вага креира совршени партнерства, во кои има реципроцитет и несебична љубов. Го надминувате своето его и се поврзувате со околината на уникатен и чист начин. Прекрасен ден да го добиете заслуженото признавање, но и да нурнете во своите проекти.

БИК: Ова не е време да ги имитирате другите, туку да појдете самостојно на своја страна. Можеби ќе изгледа чудно, но ќе се исплати. Имате сила да го одбраните своето катче од натрапници и да најдете ново значење во животот. Целосно свесни за своите идеали, креирате нови цели.

БЛИЗНАЦИ: Сега ви е потребна сила со која ќе ги развивате и одржувате нестабилните сектори од животот. Не е добро да се плашите, ова е убаво влијание, затоа препуштете им се на промените. Не се задржувајте до веќе пробаните и познати работи, туку трасирајте нов пат.

РАК: Вешто отстранете го она што нема место во вашиот живот и продолжете кон поубава иднина. Нови информации поврзани со домот, а кои ќе ве исполнат со големо задоволство и среќа. Бидете спремни и отворени, како и емоционално урамнотежени. Уживајте во чистата радост.

ЛАВ: По долготрајното размислување, денес доаѓате до инспирација која треба да ја намали тензијата, а не да направи дополнителен стрес и нервоза. Сега треба да дојдете до синтеза на сите претходни напори и вредности, а со што ќе го потврдите својот личен интегритет.

ДЕВИЦА: Сега заземате поконструктивен пристап и да кажете гласно што е она што ве провоцира. Кажете го она што го мислите, но не се задржувајте премногу долго на темата – повлечете се на време. Така ќе ја сочувате својата сила од непотребно трошење и ќе направите добра поента.

ВАГА: Можеби сте вкочанети од страв и се плашите од светот, но реална потреба за тоа нема. Исправете се и не се плашете. Месечината во вашиот знак ви дава сила да се износите со барањата на тие околу вас. Доаѓате во прв план покажувајќи ги своите таленти и дарби. Време за романса.

СКОРПИЈА: Ако сакате формула за успех, научете дека треба да им се приспособите на условите, за да напредувате. Тоа е нешто како да сакате да учите музика, а да не сакате да читате ноти. Затоа, најдете доволно време за да го обмислите саканото на поздрава и солидна основа.

СТРЕЛЕЦ: Размислувате како да се повлечете од триагоналните врски – ситуацијата е комплексна и укажува на можна криза. Сепак, не се двоумете премногу долго, ниту се залажувајте со неискреноста на другите луѓе. Ова не е време за брзи заклучоци, туку за умерена дипломатија.

ЈАРЕЦ: На професионален план покажувате истрајност и лојалност. Можеби не сакате, но ќе треба да се приспособите на конвенцијата. Моќна трансформација се случува, и, доколку сметавте дека нешто стагнира во животот, денес ќе се убедите во спротивното. Уживајте!

ВОДОЛИЈА: Сега сте отпорни на сите надворешни влијанија и одлучни да направите нешто корисно и конструктивно во позитивни цели. Не му дозволувајте на туѓото исмевање да ги расипе вашите планови. Имајте во предвид дека во животот нема секогаш логични објаснувања.

РИБИ: Имате силна потреба за тајност, во која што ќе може да ги раскажете старите случки на нов начин. Еден кармички чекор е завршен и сега сте ослободени од несигурноста. Минавте низ траума, но успешно ги решивте хроничните проблеми. Солиден крај на некој проект.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]