Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ќе е добро да ги кажете работите што одамна беа заглавени во вашето грло – тие чекаа со години да излезат на виделина. Тоа е добар начин да се ослободите, издигнете и пронајдете нов мир во животот. Простувањето секогаш помага. Воспоставете блискост со другите.

БИК: Можеби ќе треба да направите исклучок – следете го она што ви го говори совеста, но внимавајте да не ги исклучите останатите целосно. Најдете ја вистинската мера. Ќе го постигнете саканиот успех, затоа бидете без дилема и препуштете му се на животот.

БЛИЗНАЦИ: Време е да кажете што имате, да проговорите. Месечината во Рак ќе ви помогне во тоа. Во други околности можеби не би биле чуени, но сега е идеално време, затоа истапете. Ако треба вежбајте дома, како оперска певица која што се загрева пред настап.

РАК: Задоволни и исполнети поради успесите, достоинствено парадирате, како некој паун на прекрасна веранда. Вашиот пат напред е веќе поплочен, но веројатно веќе го знаете тоа, бидејќи вашата интуиција е нагласена невообичаено. Успевате да го чуете сопствениот глас.

ЛАВ: Добро е да знаете дека веќе сте победник, со самото тоа што сте се обидовте. Како второ, повторно сте победник, бидејќи ги ценевте и своите слабости но и предности. Конечно, денес е идеален ден да поработите врз слабостите, прифаќајќи конструктивна критика.

ДЕВИЦА: Сега е време како џокеј да влетате во акција – за ова се потребни повеќе работи, како мотивација, виталност, брзина и ориентација. Разгледајте ја шансата која што ќе ви се понуди изутринава. Таа сигнализира потенцијален успех во некоја предизвикувачка задача.

ВАГА: Се забавувате раскажувајќи ги старите приказни. Во ова има своевиден перформанс – нов изглед на старата содржина. Дел од работите добиваат мистериозен тон, но добро ги воочувате проблемите, со што си олеснувате себе си. Убав период за патување.

СКОРПИЈА: Бидете свесни за своето место во светот и хиерархијата, немојте да сте наивни во овој поглед. Разберете ги друштвените разлики и прашајте се дали размислувате логично. Балансирајте со спротивставените ставови и најдете време за нови пријателства.

СТРЕЛЕЦ: Како пеперутка излегувате од својата чаура – можеби сте зачудени или шокирани од постоечката реалност, но бидете нежни со себе и ќе се навикнете. Најдете некое место за медитација, каде што ќе се чувствувате пријатно и опуштено. Трансформација.

ЈАРЕЦ: Сега сè ви е јасно, нема потреба за објаснување – работите се кристално чисти, токму како низ призма. Сепак, не се губете во анализирањето на секој детаљ, туку погледнете ја пошироката слика. Фокусирајте добро. Месечината во Рак ќе ви ги донесе потребните партнери.

ВОДОЛИЈА: Повеќе аспекти укажуваат дека низ една приказна ќе ја видите целата реалност, како кога ќе најдете пожолтени лисја, знаете дека дошла есен. Денес сè е некако поврзано, без оглед колку ситно или крупно – нема никаква разлика во тоа. Успех преку споделување.

РИБИ: Залудно се борите, во некој конфликт кој нема шанса поволно да се разреши. Сепак, ако ги оставите жешките костени на страна, со време ќе може повторно да се обидете да ги земете во своите раце. Користете го времето мудро и до крајот на денот ќе имате резултат.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]