Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Викендов ќе може да се опуштите по сите убави постигнувања во текот на неделата. Како водени од повисоки светови, ќе сакате да се повлечете во удобноста на своите приватни одаи – сè е на свое место и во свое време и вие сјаете со прекрасна светлина. Духовно исполнување.

БИК: Трпеливо ја чекате својата шанса, како некоја дама која што чека да се спушти од бродот. Вашата сила така расте и наоѓате луѓе со сродни интереси и универзални идеи – добро е да прифатите ангажман во некоја заедничка цел. Не трошете отповеќе и не форсирајте се.

БЛИЗНАЦИ: Се враќате на општествената сцена и сега сè е ново и можно. Можеби отпрвин ќе се чувствувате несигурно и ќе се тетеравите, но сепак продолжете напред – ова е шанса која не смее да се испушти. Бидете решителни и направете добра стратегија. Играјте си со зборовите.

РАК: Ако сакате да изградите тимски дух, тоа може да го постигнете преку едноставен модел – бидете чесни, искрени и држете се до основните факти. Ако жртвувате дел од себе во нешто, секако ќе дојдете до придобивки на поинаков начин. Внимавајте на нервниот систем.

ЛАВ: Вашето внимание е поделено сега – додека сте фокусирани да ги негувате најблиските и внимавате на натрапници, бидете свесни за потенцијалните ризици. Потреба за баланс, за да не дојде до параноја. Сепак, бидете свесни што се случува зад сцена и продолжете напред.

ДЕВИЦА: Месечината во Риби ја нагласува потребата да се усогласите со другите, но некогаш тоа ви доаѓа како да минувате низ иглени уши. Ако се стави преголем акцент на една единствена точка, сигурно ќе се појави стрес и анксиозност. Избегнете го ова обидувајќи се со нова рутина.

ВАГА: Среќата ќе им се насмевне на оние кои ќе истапат – предизвикот лежи во тоа да се направи првиот чекор и одбере вистинската шанса. Не бидете мрзеливи, мрднете малку. Излезете од дома и разгледајте наоколу. Кога ќе ја забележите шансата, не отстапувајте и бидете упорни.

СКОРПИЈА: Очекувајте поволни пресврти, но не спијте на вашите ловорики. Успехот ви е на дофат, но неопходно е да минете низ сите фази на циклусот. Дури и за жетвата е потребно време, така што продолжете и работете уште малку. Направивте добра работа, истрпете и ќе бидете наградени.

СТРЕЛЕЦ: Успеавте во еден сегмент во животот, но и другите аспекти бараат внимание – потребно ви е време кое ќе си го посветите себе и на својот личен развој негувајќи го внимателно како кандилце во пазувите. Балансирајте ја физичката реалност со поетска сензибилност.

ЈАРЕЦ: Бидете внимателни. Разгледувајте трпеливо и така ќе се разберете себеси, но и другите. Можеби ситуацијата е комплексна, но не ја нагласувајте својата улога во сето тоа. Ако навистина разбирате што се случува, ќе можете да влијаете потоа врз сè. Затоа набљудувајте сè уште.

ВОДОЛИЈА: Сега навистина ги гледате работите какви што сте, но немојте да сте разочарани, тоа е тоа. Ќе имате повторно шанси да се навратите на истото во текот на следната година. Ова е само загревање, како пред натпревар. Имате време да го коригирате своето однесување дотогаш.

РИБИ: Планетите во вашиот знак ќе ја разбудат инспирацијата, интуицијата и имагинацијата – во вас се буди небесниот сонувач, кој јава на пердувести облаци и се расфрла со златна светлина. Сепак, не се занесувајте премногу, оти потоа треба да се стапне во реалноста. Доаѓа понеделник.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]