Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов
ОВЕН: Најдете ги вистинскиот баланс и порака кои ќе имаат долготрајни ефекти. Во фокус доаѓаат личните врски и секој може да си замине на своја страна, ако не внимавате на комуникацијата. Внесете малку хумор во она што се случува и ќе поминете полесно. Промени.
БИК: Што и да преземете, има шанса да биде успешно. Сепак, внимавајте и не преправајте се како фазан, бидејќи тоа само ќе ве оддаде. Подобро е да размислите како креативно да ја искористите необичната шанса која ви е пред носот. Конструктивни идеи.
БЛИЗНАЦИ: Уживате во животот, како утре да не постои, но треба да внимавате на блиските врски. Ова е момент кога ги дефинирате плановите за во иднина, а ставате и фокус на своите таленти и способности со кои ќе се остварите во кариерата. Нова фаза во романтичниот живот.
РАК: Викендов ќе треба да бидете објективни и да ги погледнете работите од дистанца. Тоа ќе ви ја донесе потребната јаснотија. Тоа не значи да ја запоставите афективната страна, напротив, но препознајте ја смешната страна на ова патување и опуштете се.
ЛАВ: Доаѓате до промени и сега не е важно како изгледаат работите и дали се општествено прифатливи – тоа е споредно. Можни се неочекувани пресврти, но најважен ќе биде вашиот став – бидете сосема свои. Ќе успеете да ја усогласите својата енергија со барањата на судбината.
ДЕВИЦА: Посветено барате нешто што ќе ве инспирира и ќе го осветли вашиот пат и сега доаѓате до некаква идеја, со сосема ново друштвено значење. Просветлени сте! Досега немавте мотивација, но ова ве возбудува и ќе се повлечете малку да поработите на овие идеи.
ВАГА: Транзитот на Меркур во вашиот знак ќе ви стави насмевка на лицето, а со тоа ќе имате силно влијание. На смеењето му треба помалку енергија отколку на измамата, затоа смејте се, а ако сте во сериозна ситуација, смејте си се себеси. Така ќе се отвори вистинскиот пат.
СКОРПИЈА: Среќата им се насмевнува на оние што ќе истапат. Доколку се појави некоја шанса, предизвик ќе биде да го направите првиот чекор. Обидете се да ја отворите вратата и да погледнете наоколу. Доколку, пак, се повлечете, нурнете се во својот свет на соништа. Одмор.
СТРЕЛЕЦ: Како кога прв пат ќе дојдете на ново место, сè е ново и возможно – сите опции се отворени. Можеби колената ви се тресат на почетокот, но ветувањето што го гледате е пресилно и решавате да го направите првиот чекор. Нови можности. Општествен ангажман и цели.
ЈАРЕЦ: Старата и позната приказна – основната тема може да се разработи значително, но треба да внимавате да не се заплеткате. Претстои голема работа, но вие знаете да чекате. Барајте инспирација. Размислувајте креативно и концептуално. Немајте отпор сега, јасно ви е сè.
ВОДОЛИЈА: Во играта се вклучуваат уште двајца – ова е добар момент и сака пауза. Измерете ги добро работите и видете ја секоја страна на приказната пред да сфатите нешто лично. Доколку необјасниво се соочите со блокада, знајте дека ќе се појават шанси со кои ќе се ослободите.
РИБИ: Со Месечината во својот знак, но и други аспекти, ќе успеете да ја покажете својата умешност на иновативен начин. Тука се вложени многу часови во практика. Момент за демонстрација, а тоа ви оди лесно и од рака. Судбината се тркала пред вас како црвен тепих. Визија.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ