Хороскоп: Што велат ѕвездите денес


ОВЕН: Од вас се бара промена, со која што нешто ќе добиете, но и ќе изгубите. Барате награда. Она што го посакувате е речиси на дофат, но имајте предвид да не ве залажуваат илузорните желби и работи. Денес е предизвик да одбиете да дојдете до брза награда.

БИК: Од вас се бара да се ориентирате – не може да се движите во повеќе правци одеднаш. Одберете едно нешто што одговара според вашиот афинитет и зачекорете кон тоа бескомпромисно. Успехот им доаѓа на оние луѓе кои ќе се заземат самите за себе.

БЛИЗНАЦИ: Месечината во вашиот знак чини да се чувствувате експонирано – чувството за срамежливост е да се обидете со нешто сосема свое пред да го објавите тоа во светот. Во секоја приказна ќе се појават две страни, но една сепак ќе остане сокриена од видното поле.

РАК: Тестови и испити – најдобар начин да поминете низ сè е да не го држите здивот, туку сепак да дишете, без оглед на тоа околу вас. Кашлајте, викнете силно, како некој уметник кој се спрема за на сцената. Тоа ќе ви овозможи природна релаксација и здив. Лажни заслуги.

ЛАВ: Трансмисија – денес учите преку набљудување, а подучувате со сопствените дела. Комуникацијата доаѓа во фокус и сега е добро да побарате помош, бидејќи така е исправно. Можеби сè уште треба да чекате, но отстранете го отпорот при чекањето. Идеи.

ДЕВИЦА: Бидете задоволни со она што го имате. Кога постои радост, нема потреба за покажување, ниту да се бара среќата на друга страна – таа е веќе дома со вас. Доколку некои работи се нејасни, најдете начин јасно да комуницирате и разберете се со останатите.

ВАГА: Соголете сè – кажувањето на целата приказна со време ќе ја експонира вистината, а во областа на договорите, ставете сè на хартија. Информацијата која ви фали можеби е заметната, завиткана или потпикната. Погледнете со нова перспектива за нов увид.

СКОРПИЈА: Прифатете ги другите без оглед на пол, раса, боја или етикета. Толеранцијата е начин да се врати радоста во животот. Неуспешната комуникација е блок сега. Запамтете дека најмудро е разумно да разјасните сè, за да може да продолжите напред. Откриени тајни.

СТРЕЛЕЦ: Благослови од ведро небо – нерезервираното признавање и поддршка се круцијални за сите човечки суштества. Тоа е безизборен избор – да се даде благослов или клетва. Секако вие филозофски инклинирате кон првото. Акцент на партнерските односи.

ЈАРЕЦ: Вие сте личност која е водена според распореди и сега привремено одмарате, но време е за акција. Бидете спремни да се соберете и продолжите напред. После секој одмор мора да се продолжи, а бидете водени од светли мисли и свежи идеи. Тоа е новото мото.

ВОДОЛИЈА: Доколку сте под тензија и напнати, не донесувајте важни одлуки, повлечете се. Колку повеќе ќе се трудите, толку повеќе ќе заглавите во негативност. Но доколку се наштимате и бидете весели, сè ќе биде во ред. Опуштени, убави и комуникативни – така успевате.

РИБИ: Обрнете внимание на стандардите за јавно презентирање – општествен статус, манири и изглед. Можеби сè уште има блокади, но и тие се корисни во растењето и зреењето. Засега е потребна трпеливост. Успехот е можен само преку непријатности. Чекајте.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]