Хороскоп:Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Целосно посветени во постигнување на некоја идеја, доаѓате до трансформација во својот живот. Месечината во Стрелец ги пронаоѓа вистинските луѓе за вас и она што стагнираше, сега почнува да се ослободува. Успешно привршување на некој проект.

БИК: Повеќе аспекти укажуваат дека вашата сила е уште во латентна фаза, така што ако сте нетрпеливи и секогаш ориентирани кон успех, ова може да ве фрустрира. Сега не е време за нагли потези и енергичен напад, туку за флексибилност, издржливост и трпение.

БЛИЗНАЦИ: Станувате свесни за работите што се сокриени од голото око – понекогаш е потребен огромен напор да се стигне до саканото. Во интимните врски постои дистанца и некаква бариера, кои попречуваат да дојдете до заеднички корисни решенија. Направете план кон целта.

РАК: Ако мислите дека можете да си пеете славопојки, сте згрешиле на големо! Напротив, сегашната ситуација бара чувство на лична понизност – не се обидувајте вештачки да дојдете до внимание. Ниту пријателите, саканите, а не пак авторитетите ве разбираат соодветно.

ЛАВ: Денес се одвојувате од останатите – да, може да им верувате на старите методи, но во нов контекст тие може да ѝ се спротивставуваат на постоечката конвенција. Балансирајте ги добро своите сили за да не дојдете до ривали и пазете се од игри. Ценете се повеќе.

ДЕВИЦА: Месечината во секторот задолжен за домот ве повикува да бидете благодарни за она што го имате. Уживајте во својата интима, без потреба за прикажување надвор во светот – среќата е лична работа и се споделува правилно само со најблиските. Пронаоѓање на подобри солуции.

ВАГА: Бидете сигурни дека верувате во вистинските луѓе и дека можете да им поверите поголеми одговорности. Треба да научите кога да им отстапите контрола на другите, за да може да водите кога ќе бидете поодморени и свежи. Чекајте на вистинското време.

СКОРПИЈА: Денес сте со променливо расположение – имате силни пориви, но умот не е фокусиран. Не можете да направите сѐ одеднаш, бирајте добро. Проектите ќе започнат, а потоа ќе се менуваат во текот на денот. Сега имате еден продукт, а веќе потоа сосем нов. Намалете ги очекувањата.

СТРЕЛЕЦ: Доколку имате отповеќе, споделете го тоа со останатите – Месечината во вашиот знак го прави овој ден пријатен и сега отпочнувате нешто на личен план. Слободно споделувате сѐ што имате со блиските, чувствувајќи се независно, спонтано и среќно. Нов проект.

ЈАРЕЦ: Сега ви требаат луѓе кои ќе ви помогнат и поддржат, а таа невидлива сила веќе ја имате. Без да очекувате, помошта ќе се појави и ќе успеете да постигнете поголем комфор во текот на денот. Сега ги имате потребните материјали и алатки, затоа ставете ги во употреба.

ВОДОЛИЈА: Површност – безизлезно барање кон хоризонтот за одговори, но тоа доаѓа како резултат на оговарања. Неизбежно е. Вие најдобро ги знаете причините за овие неволји, иако тоа ве фрустрира. Работите не се движат според ваш план и желби. Обидете се да имате такт и разбирање.

РИБИ: Пристигнуваат пораки со долготрајни ефекти, затоа најдете го потребниот баланс за да ја сватите околината која што ве опкружува. Можеби ќе треба да се браните од извесни критики, но потоа ќе добиете потврда за својата интуиција, таленти и умешност. Романса и флертување.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]