Хематологија: Нема финансиска полиција, лекот „мабтера“ не е набавен на нашата клиника


Клиниката за хематологија демантира дека Финансиска полиција влегла на клиниката за да ја испита набавката на лекот „мабтера“.

„Лекот “Rituximab-Мабтера”- кој во моментот се аплицира на нашата Клиника е добиен според регуларна отворена постапка- меѓународен тендер бр. 4/2017 од 29.06.2017. Истиот се увезува според паралелен увоз и дистрибутерот уредно ја доставува целата потребна документација и дозволи од МАЛМЕД, согласно на законските барања. Стручниот колегиум не се сомнева во квалитетот на лекот бидејки е од оригинален производител, до сега не се евидентирани несакани реакции, ниту има поместување во очекуваните резултати од лекувањето. Не сме имале ни поплака од ниту еден пациент поради дистрибутивниот ланец кој се користи за да се донесе лекот“, соопштија од Клиниката за хематологија.