Хари и Меган нема да му го честитаат роденденот на принцот Чарлс


Англија- Принцот Хари и Меган Маркл нема да присуствуваат на јубилејниот роденден на принц Чарлс кое ќе го собере кралското семејство во Лондон. Принцот Чарлс на 14 ноември ќе наполни 70 години, ама ќе го прослави на 25 октомври со вечера и концерт во Бакимгенската палата.

Помалиот син и снаата имаат добра причина за отсуство од роденденската забава. Ќе бидат на прва заедничка турнеја како двојка низ Австралија, Нов Зеланд, Фиџи и Тонга.

Тие во мај, му приредија роденденска забава во градината во Бакимгенската палата.

На роденденот е потврдено присуството на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон која се враќа на работните обврски.