Харадинај: Србија треба да го признае Косово како извинување за она што го стори


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај рече дека данокот од 100 отсто за стоките од Србија и Босна и Херцеговина нема да биде укинат додека тој е на функцијата премиер.

„Дали луѓето што биле жртви на геноцид и прогон, со околу 20.000 силувани жени и 15.000 мртви, сега треба да се откажат од нешто за да добијат признание“, праша Харадинај.

Тој оцени дека Србија треба да ја признае независноста на Косово како извинување за она што го сторила, не само за време на последната војна, туку и во претходните фази.