Хан: Ако Косово и Србија се договорат за границата, тоа треба да се прифати


Портпаролот на парламентарната група на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Флоријан Хан порача дека „меѓународната заедница, доколку Косово и Србија се согласат дека решението е во промена на границата, тогаш тоа мора да го прифати“.

– Со промена на границите мора да се дејствува многу внимателно, но лично мислам дека две суверени држави кога ќе се согласат да ја променат заедничката граница и кога се во состојба да сносат одговорност за тоа, тогаш меѓународната заедница тоа треба да го прифати, рече Хан во интервју за „Долче веле“ на албански јазик.

Според него, Германија сака тој договор да се дополни со „взаемно признавање на суверенитетот“.

– Ова е мое лично мислење. Дозволете ми повторно да кажам: ако две суверени држави се договорат една со друга и можат да сносат секаква одговорност за својата земја, тогаш меѓународната заедница мора да го прифати тој договор. Ние, секако, сакаме тој договор да биде дополнет со взаемно признавање на суверенитетот, рече Хан.