(Фото) Џорџ В. Буш ја омажи ќерката Барбара: Интимна свадба во кругот на семејството


САД– Ќерката на 43. американски претседател Џорџ В. Буш (72) , Барбара Буш (36) се омажи на мала тајна церемонија на крајбрежјето во Мејн, а тој ја испрати до олтарот. Зетот е сценаристот и актер Крег Којн (37).

На церемонија присуствуваа само 20 луѓе од потесното семејство.

Барбара се одлучи за романтична венчаница со едноставен крој на американската дизајнерка Вера Ванг. Нејзината мајка, првата дама Лора Буш избра сина тоалета на Оскар де ла Рента. Нејзината сестра, близначка Џена избра романтичен фустан со цветови.

Барбара работи во Музејот на дизајн на Смитсонијан.