(Фото) Струмички карневал: Маски од целиот регион продефилираа низ Струмица


Во Струмица синоќа почна да тече непрегледната колона од маски и костими, кои под светлината на прекрасниот огномет уште еднаш потврдија дека вековната традиција на волбшеството под маски на градот под Царевите Кули од година во година ги поместува границите на креациите на учесниците.

Кралот на карневалот

Кралската свита, во која беа принцот и принцезата Натка и Орце Спасови, придружувани од Струмичките мажуретки и Блек оркестарот на Струмица, кои со неформалната химна на градот „Под кулите на Струмица“, го значија почетокот на уште еден голем струмички карневал.

Пред да стасаат карневалите пред главната точка за презентација на нивните карневалски креации, група од Германија приреди огнено шоу, потсетувајќи на некогашните времиња на голтање оган и поминување со пламени јазици по телото.

Мажоретки

Првата групна маска на Средното училиште „Димитар Влахов“, насловројните гледачи и гости ќе има што да видат. И навистина:веднаш по нив се појави маската „Валкири“ на Карневалската група „Мулен Руж“. Собра многу аплаузи уште непристигната на платото пред жири комисијата и двете трибини, на кои беа сместени премиерот Зоран Заев, министри, амбасадори, претставници на дипломатски претставништва и гости од земјавата и странство.

Валкири

-Јас разбрав дека утре наутро завршува Карневалот во Рио, во Бразил. Таму ќе бираат најдобра школа за играње самба. Нашиот карневал не  е толку голем како тамошниот, но нашита маска ако се појави таму верувам дека ќе го освоиме првото место, рече еден член на Карневалската група „Мулен Руж“, кои се претставија со маската „Валкири“.

Тримерски сервис

Зад нив не заостануваше нуту маската „Тримерски сервис“. Вредните учесници подготвиле мошне впечатлива маска од филџани и ѓезвиња подготвени за Тримерските празници, кои се празнуваат во Струмица во чест на армасаните (верените) девојки.

-На сите учесници и гости им го нудиме нашиот сервис од филџани и гезвиња да се напијат убаво струмичко кафе, а може и варена ракија, рече еден од учесниците во големата маска.

Ламја змеј

Не помалку интересна е и поединечната маска „Ламја“, во која е вложено многу труд и време.

Тука беа и „Радовишките газели“, и многу други карневалски групи од земјава и странство.

Впечатлива маска имаа гостите од Задар, Хрватска, кои се претставија со маската „Гусари од Зрмања“

Принцот и принцезата на карневалот

-Ние сме од средното училиште „Обровац“ од Задарската жупанија. Тука сме по трет пат и сме пријатели со нашите другари и домаќини од струмичката гимназија „Јане Сандански“. Нашата маска е инспирирана од реката Зрмања, која под планината Динара се влева во Јадранското море. Атмосферата тука е прекрасна и тоа треба да се доживее, рече Јурица Џурко.

Вечерва низ улиците на Струмица ќе поминаат 41 маски во разични категории, со околу 2.000 учесници.

Градски дувачки оркестар

Нивните креации ги оценува жири комисија, која треба до донесе одлука кому ќе му припаднат паричните награди во повеќе категории.

По завршувањето на Интернационалната карневалска вечер забавата продолжува на Плоштадот „Гоце Делчев“ со „Ноќ на Аруба“, на која ќе настапат членовите на карневалската група од овој холандски остров, кои ќе ги забавуваат посетителите до доцна во ноќта

Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат утре.