(Фото) Свадба на принцезата Евгенија: Пристигнаа славните гости
Англија– Актери, манекенки и пејачи од славната А-листа пристигнаа на свадбата на принцезата Евгенија од Јорк (28) со амбасадорот на бренд за текила Џек Бруксбенк (32) во замокот Виндзор. Ели Гулдинг, Наоми Кембел, Кара и Попи Делавињ, Роби Вилијамс, Деми Мур, Лив Тајлер, Џејмс Блант, Холи Валанс, Пикси Гелдоф,… се меѓу славните гости на свадбата, втора по ред годинава во британскоко кралско семејство, по онаа на принцот Хари и Меган Маркл.
Сѐ уште е тајна чија венчаница ќе носи принцезата Евгенија, ќерка на принцот Ендрју и Сара Фергусон, и деветта во редот на тронот, по сестра си Беатрис. Кејт Мидлтон се појави во тоалета на „Александар Меквин“ во циклама боја чија венчаница носеше на свадбата.
За музичкиот дел е ангажирана кралската филхармонија и славниот тенор Андреа Бочели кој ќе настапи со две арии.
Принцезата и поранешниот менаџер се запознале во ноќен клуб во Швајцарија, кога таа имала 20, а тој 24 години, а заедно се веќе седум години.
Џек ја запросил Јуџин во јануари оваа година, во Никарагва. За време на гостувањето во емисијата „The One Show“, на „BBC“, принцезата го опишала магичниот момент: „Стоевме покрај езерото и го гледавме заоѓањето на сонцето, кога ме праша дали сакам да се венчам со него. Бев пресреќна!“ Нејзиниот венчален прстен го краси редок розов сафир, со мали дијаманти.
Венчавката ќе се одржи во капелата Св. Јурај, во склоп на дворецот Виндсор, каде што пред пола година се оженил и братот на принцезата, принцот Хари, а во истата капела се венчале и принцот Чарлс и Камила Паркер.
Кума на венчавката ќе ѝ биде нејзината сестра Беатрис, додека кум на Џек ќе му биде неговиот брат Томас.