(Фото) Рита Ора најсекси досега: На насловницата на арапскиот „Esquire“
ОАЕ– Поп-ѕвездата Рита Ора (27) е прва жена која ја краси насловницата на арапското издание на „Esquire“, чија редакција е во Дубаи.
Светски познатата пејачка, која живее и работи во Лондон, сними секси фото-сесија пред објективот на Сајмон Диселтон, откривајќи го голиот грб и малку провокативното деколте.
За фотосесијата Ора промени неколку возбудливи визии создадени од стилистот Карен Кларксон. Меѓу нив е драматичниот црн фустан од „Ив Сен Лоран“.
Во интервјуто за изданието, Рита Ора го коментираше објавувањето на новиот албум по шестгодишна пауза.
„Се чувствувам како дебитантка. Не бев сосема сигурна каде ми е местото, откако мина толку време откако сум пуштила музика. Но овој пат сé ќе биде различно. Се обидувам да го модернизирам начинот на кој се прави музика овие денови. Бидејќи со постојаната употреба на онлајн стриминг, сите правила паѓаат“, изјави Ора.
Поп-ѕвездата по повод фотосесијата присуствуваше на забавата во Дубаи, по повод 100-број на списанието.