(Фото) Пронајдени околу 10 килограми марихуана, осомничен дилер од Дебар


Во две црни вреќи, а по претходно добиени сознанија, полицијата вчера пронашла девет и пол килограми марихуана кај местото викано Раички Мост во Дебар. Според полицијата, осомничен за дрогата е дебарец добро познат на органите на прогонот.

Како што соопшти МВР, по преземени мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето инволвирано во овој случај, а се работи за Б.Д. (38) од Дебар, инаку евидентиран извршител и на други кривични дела. Осомничениот е лоциран и вчера бил приведен во ПС Дебар за расчистување на случајот.

По обзбедена наредби од надлежен суд, вчера биле извршени претреси на три локации, при што во куќата каде што престојувал осомничениот биле пронајдени и одземени една патна торба и еден ранец со остатоци од наркотична дрога марихуана. По целосно документирање на случајот против Б.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за сомнение за сторено кривично дело недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници.