(Фото) Прием кај Елизабета Втора: Кралски, за дипломатите
Англија– Дипломатите и амбасадорите во Англија вчера беа на традиционален прием во Бакингемската палата. Домаќин беше кралицата Елизабета Втора, која заедно со Камила, војвотката од Корнвол и Кејт, војвотката од Кембриџ ги дочекуваше високите гости.
Трите дами беа дотерани кралски. Кејт ја избра тијарата „Лавер-Нот“, омилена на принцезата Дајана и омилениот жолт орден од кралицата Елизабета. Носеше тоалета на омилената британска дизајнерка-Џени Пекам.